Во Универзитетската болница во Краков, Јужна Полска, 29-годипна жена со царски рез роди шесторка, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата четири се девојчиња, а две момчиња.

Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.

Бебињата се родени во 29. недела и нивната тежина се движи од 850 до 1.300 грама.

– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А, всушност, докторите очекуваа пет бебиња – изјави Ричард Лотербах, одговорниот во болничкото неонатолошко одделение.

Родителите добија честитки и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб „Краковија“ понуди доживотни влезници за нивните натпревари.



912

X