Игротека

Ресторанот „Амбрела“ дава бесплатен оброк за децата ако родителите ги остават мобилните

Целта е да промовираме позитивно родителство, позитивна дисциплина.

Сите родители што утре ќе се одделат од својот мобилен телефон за време на ручекот во скопскиот ресторан „Амбрела“, ќе добијат бесплатен оброк за своето дете. Сè што треба да сторат е да го остават својот телефон во специјални кутии подготвени за таа намена.
Акцијата ја организираат Филозофскиот факултет од Скопје и „Амбрела“.

– Идејата е да ги мотивираме родителите да комуницираат, да им посветат внимание на своите деца и да ги почитуваат семејните ритуали. Целта е да промовираме позитивно родителство, позитивна дисциплина и родителски стилови првпат во Македонија – велат организаторите.

Филозофскиот факултет и „Амбрела“ во Градскиот трговски центар веќе неколку пати организираа тематски викенди.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top