Бев во 33. недели од бременоста со второто дете кога го добив повикот. Имав 13-месечен син дома. „Жал ми е Џени, рак е“.

Се стаписав и заборавив на сѐ што претходно мислев дека е важно. Времето пред екраните, органската бебешка храна и часови за детска музика беа заменети со едно нешто: преживување. Не можев да се справувам и со новата реалност и со веќе постојната анксиозност во комбинација, па го отпуштив првото – барем привремено. Не знаев тогаш дека добивам непроценлива нова перспектива за родителството – нешто кон кое сите можеме повеќе да се поврземе со оглед на искусената пандемија. Ова го научив во годината со две деца додека бев на третман за рак на дојка.

Не нервирајте се за малечки работи

Страдав од постпородилна анксиозност кога го родив првото бебе. Се грижев за сѐ: синдром на доенечка смрт, задушување, социјализација… Постојано се парализирав од страв – еден погрешен потег и се распаѓав. Постојано ги стерилизирав шишињата за хранење. Но, смртноста, ентропијата и физичката слабост не оставија простор за опсесивност и грижа. Па, продолжив понатаму. Работите поради кои не спиев, веќе не ме допираа. Мојата реалност беше преземена од неочекуван кошмар, па немав енергија за другите мали грижи. Ракот всушност ме свести дека не можам да ги одбранам децата од целиот свет. Но, преживеавме.

Родителство без срам

Пред ракот константно се споредував себеси со другите мајки, дали се подобри од мене ако сакаат да дојат и слично. Постојано си поставував прашања. Додека другите мајки носеа градници за доење, јас барав градник кој се носи постоперативно, по вадење на дојката. Како што други мајки се жалеа за непроспиени ноќи, јас бев постојано изморена без разлика колку спиев. Копнеев по енергија за да можам да се разбудам со моето бебе навечер. Сакав да можам да менувам пелени. Бев исплашена да не сум изложена на бактерии, па тоа повеќе да го компромитира мојот веќе ослабен имунолошки систем. Ракот дефинитивно ме извади од колосек. Проблемите на моите пријателки-мајки беа нешта со кои не можев да се поврзам. А тоа ми ја даде слободата да ја започнам мојата сопствена трка.

Љубовта може да биде и себична и несебична во исто време

Моите деца беа причината за мојата борба за преживување на болеста. Често се чувствував виновна бидејќи немав доволно енергија да бидам родител. Морав да се потпирам на другите луѓе за обврските. А, од друга страна, беше прекрасно да можам само да уживам во моите деца. Да бидам „ослободена“ од обврските и одговорностите како родител, па тоа ми овозможи само да уживам во љубовта на моите деца без константно да извршувам одредени задачи. Отпуштањето на саможртвата ми дозволи да ги ценам повеќе нештата и сето она што родителството го прави тешко.

Децата простуваат

Кога докторката ми кажа дека ќе треба да ми извршат двојна мазектомија по три недели откако мојата ќерка се роди, јас си помислив дека не ме разбира. Се обидов да ѝ објаснам дека тоа е невозможно за родител на новороденче и дека треба да одложиме. Но, таа ме увери дека мојот живот не може да чека. Поминав многу време опседнувајќи се со фактот дека мојата ќерка нема да формира безбедна врска со мене. Што ако ме мрази бидејќи ќе мисли дека сум ја напуштила? Шест месеци не го оставив синот и дури сега се чувствувам виновна и за него. Како можеше да се случи ова? Но, на возраст од 2 години мојата ќерка е поврзана со мене. Кога се буди од спиење вели: „Мама, ја сакам мама“. Тешко беше да си простам за времето поминато одвоена од децата – без разлика колку тоа било неопходно. Но, полесно им беше ним да ми простат.

Вистината е дека сѐ уште заздравувам од емоционалните и физички лузни, со оглед на тоа дека тоа беше најтешката година во мојот живот. Ако некој ми кажеше дека ќе треба да се породам со дете по 3 недели откако ми бил дијагностициран рак на дојка, ќе речев дека нема да преживеам. А тоа беше само почетокот. Но, моите деца изгледа дека го совладаа тој период без последици. Тие се здрави и среќни. Па, што можам повеќе да посакам?

Автор: Џени Леон

Извор



912

X