Гретчен Босио е мајка на три деца. Нејзиниот премин во мајчинството бил бавен, како темпото на желка или брзината на интернет од 1995 година. Вели дека напредува секој ден, но само еден погрешен чекор ја враќа недели наназад.

-Се сеќавам на мојот стар живот додека уживам во мојот нов живот, со мојата нова мала личност. Ова е слатко, иако понекогаш и фрустрирачки, бидејќи многу работи допрва треба да се вратат во нормала. Дури и по 6 месеци од породувањето, кога сите како да заборавија дека пред неколку недели излезе човек од моето тело, мојот живот е далеку од тоа што беше. Јас не сум од оние мајки што брзо се враќаат во нормала. Одвојувам време. Делумно затоа што тоа е она што му треба на моето тело по породувањето, а делумно затоа што сум ненаспана, а сè што е надвор од основните потреби изгледа застрашувачко. Ако мојот стил на мајчинство имаше лого, тоа дефинитивно ќе беше во форма на желка – рекла мајката.

Ова се работите што таа би сакала што поскоро да се вратат во нормала:

Градите

-Овие машини за млеко беа достапни 24/7 многу месеци. Сè се врти околу тие гради и детето кое ги одржува во рамнотежа. Мојот градник постои само за таа функција (се сеќавате кога долната облека беше моден додаток?).

Мозокот

-Деновиве заборавам на сѐ. Или ги мешам работите. Мојот ментален капацитет е нарушен. Понекогаш е смешно, понекогаш срамно, понекогаш ме разбеснува. Не можам да го поднесам губењето на мозочната маса што доаѓа со мајчинството.

Големината на чевли

-Ако некој има големина на стапала 38, имам плакар полн со неверојатни чевли за вас! Очигледно, моите нозе пораснаа во должина и ширина во третото тримесечје и немаат намера да се вратат во нормална големина. Баш штета.

Сексуалниот живот

-Каде се сите мајки со ниско либидо? Ви велам, тие постпородилни хормони не се шега.

Косата

-Не знам ни од каде да почнам! Отпрвин, мојата коса по породувањето беше бујна, кадрава, ох, толку прекрасна. Потоа почна да паѓа. Сега не можам да одлучам дали е мрсна или сува.

Апетитот

-За време на бременоста сакав цимет. Сега копнеам по сѐ што има калории. Постпородилниот период ме прави толку гладна.

Кариерата

-Живеев за работата. Тоа беше мојот врв. Сега тоа едноставно не е случај. Сè уште имам страст за она што го работам, но тоа го поттикнува моето семејство. Децата сигурно знаат како да ги менуваат приоритетите, нели?

Одморот

-Го пишувам ова во 1 часот по полноќ и веројатно го читате додека доите во три часот наутро (или некој друг ноќен час), дали сум во право? Ноќното спиење е тотална шега. Уште повеќе, колку дремки се потребни во 24 часа за да се преживее?

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X