Истражувањата покажале дека благодарноста и дарежливоста кај децата се зголемуваат кога им се даваат искуства наместо материјални работи. Имено, психологот и професор Томас Гилович направил неколку студии на оваа тема и открил дека среќата на децата првенствено произлегува од нивните животни искуства, а не од материјалистички извори.

„За време на истражување на работа, ги замолив децата да ми ги кажат најсреќните моменти што ги паметат, на што најмногу се сеќаваат. Нивните одговори воопшто не ме изненадија. Имено, меѓу нивните одговори беа семејни излети во забавен парк, одење на базени, друштвени игри со семејството, прво одење на море… Не споменаа ниту една играчка, баш како што очекував, бидејќи со ова прашање сакав да му докажам на мојот осумгодишен син дека нашата најголема радост се искуствата, а не работите“, објаснува Гилович.

Гилович долги години го проучува прашањето за парите и среќата, и кај децата и кај возрасните.

„Еден од непријателите на среќата е адаптацијата. Купуваме работи за да се направиме среќни и успеваме во тоа. Но, само накратко. Новите работи ни се возбудливи на почетокот, но потоа се приспособуваме на нив. Веќе не ги ни забележуваме, ни стануваат неинтересни“, објаснува тој.

„Апсолутно можам да го видам тоа во примерот на моите деца. Дури и откако со недели сакаат и бараат од мене нова играчка и конечно ќе ја добијат, брзо им здосадува и ја бараат следната играчка. Тоа е бесконечен циклус на досада што веројатно секој родител порано или подоцна го забележал кај своите деца. Она што го доживуваме заедно нѐ поврзува, а овие искуства ги градат нашите семејни врски и стануваат скапоцени спомени многу повеќе од која било играчка“, додава тој.

Истражувањата покажуваат дека децата што имаат помалку играчки всушност играат повеќе од децата што имаат многу, што на многумина на почетокот може да им звучи неверојатно. Причината е што ограничувањето на бројот на играчки ја овозможува длабочината на играта на детето, но и ја поттикнува неговата креативност бидејќи наоѓа нови начини да си игра со она што го има долго време“, заклучува Гилович.

Извор



912

X