Бриони Лео, психолог од Мелбурн, тврди дека децата што изгледаат премногу зрели за своите години би можеле да бидат изложени на претерани притисоци од околината, кои последично влијаат врз нивниот избор на однесување. Бриони предупредува дека родителите не би требало да поттикнуваат такво однесување или да им даваат комплименти на своите деца дека се „зрели за своја возраст“.

Зошто претераната зрелост кај децата е алармантна?

Бриони вели дека во повеќето случаи кога децата се позрели од другите деца на нивна возраст, родителите не треба да се грижат. Тврди дека во набљудувањето на зрелоста треба да се земат предвид и факторите како карактер, редослед на раѓање и когнитивни способности. Сепак, нивото на зрелост би можело да биде алармантно ако детето претерано се грижи или презема прекумерна одговорност.

– Тоа би можело да значи дека станало како родителите, а причината лежи во фактот дека требале да преземат одговорност на рана возраст бидејќи нивните родители тоа не го можеле или не сакале да го сторат – вели Бриони. Објаснува дека децата може да станат премногу зрели и ако возрасните во нивниот живот не може да се носат со своите одговорности поради ментални или телесни болести, зависности или проблеми со карактерот. Меѓутоа,вели дека некои деца ќе го прават тоа без разлика на своите родители, некои деца можеби се чувствителни на околината околу себе. Децата може да одговорат на стресорите од околината со претерана грижа и желба за управување со ситуацијата која е надвор од нивна контрола.

Како тоа влијае врз детето?

Бриони вели дека децата што се „претерано возрасни“, кога ќе пораснат може да имаат одредени проблеми.

Проблеми со родителите – чувства на тегоби и бес поради негативни емоции поврзани со детството.

Проблеми на работа – преземање премногу одговорности.

Проблеми во родителството – бидејќи немале оптимално искуство во текот на детството и имаат силни емоционални реакции на промени или ситуации од детството.

Проблеми во емотивни врски – може да им биде тешко да се заземат за своите потреби – може да се чувствуваат искористени или да се доведат во ситуација да бидат искористени. Употреба на супстанции исто така може да биде последица, како начин за соочување со стресот и тегобите.

Што треба да направат родителите?

Психологот објаснува дека е важно родителите да бидат отворени и транспарентни со емоционалните реакции на детето и начинот на кој се носат со различните ситуации.

– Погрижете се вашето дете да може со вас отворено да сподели како се чувствува, што го загрижува и што сака. Тоа може да значи дека времето пред одење во кревет треба да го поминете разговарајќи за денот и сè што се случило – вели Бриони.

Автор: Карина Статис

Извор



912

X