Јеспер Јул, познат дански семеен терапевт и автор на многу книги за родителството, целиот свој професионален живот го посветил на подигнување на свеста за важноста на децата да им се покаже почит, разбирање и трпение. Но, истовремено, тој нагласил дека родителите мора да се заштитат себеси, што го направи неговиот пристап кон позитивното родителство единствен.

Во својата книга „Пет основи на семејниот живот“, Јул дава совети кои се толку едноставни, што секој родител може да ги примени. Она што треба да го направите не бара подароци, туку само неколку минути од вашето време и тоа може да има огромно влијание врз вашиот однос со вашето дете.

Јеспер Јул предлага непосредно пред роденденот на вашето дете, да размислите за тоа како детето го збогатило вашиот живот. Потоа споделете ги тие мисли со него.

-Кажете му на вашето дете колку ви значи и на кои начини го променило вашиот живот. Кажете го тоа од срце, без украсување или адаптација. Родителите често велат дека ги сакаат своите деца, но конкретни зборови кои опишуваат како децата нè збогатуваат оставаат подлабок белег. Можете да го правите ова за секој нивни роденден – и секоја година тие зборови ќе им значат повеќе – пишува Јул, нагласувајќи ја важноста да се зборува со природен тон, дури и со мали деца.

-Шестмесечното бебе можеби нема да разбере одредени зборови, но ќе ги почувствува тонот и благодарноста во вашиот глас. Вака децата уште од мали нозе учат што значи отворена и искрена комуникација – додал тој.

Овој принцип важи и за односите меѓу партнерите. Јул нагласува дека меѓусебното признавање и ценење е клучно за успешна врска.

-Денес луѓето остануваат во врски чисто поради емоционален избор. Ние го продолжуваме партнерството само ако другата личност нѐ збогати и нѐ прави среќни. Затоа е важно јасно да изразиме како се чувствуваме и колку ни значи другата личност – заклучил тој.

Извор



912

X