Инженер од Вирџинија кој поминал години во истражување на дизајните на трамбулините во парковите ги објавил своите откритија. Вели дека начинот на кој многу трамбулини се поврзани меѓусебно во парковите може да создаде небезбеден трансфер на енергија – можно објаснување за некои од речиси 18 илјади посети во итната служба во САД.

Д-р Пит Пидко вели дека ги тестирал трамбулините во парковите во период од 6 години. Тој е биомеханички инженер и професор на универзитет. Ги споредил со гимнастичарските трамбулини.

– Откривме дека има енергија што се трансферира помеѓу трамбулините. Всушност, се работи за една голема трамбулина. Површината ја менува висината. Дали некогаш сте направиле чекор кој не е всушност тука? Замислете тоа да се случи на трамбулина – вели тој и додава дека постои опасност зашто овие откритија го прават „системот непредвидлив“.

Видео од парк со трамбулини во Њу Џерси покажува татко кој двојно го „отфрлил“ својот син и како резултат на тоа му се кршила коската од бедрото на детето – што е пример за тоа како функционира трансферот на енергија.

– Најголемата коска во вашето тело. Потребни се околу 400 килограми за да се искрши. Тоа е дете, па можеби би биле потребни околу 200 – вели Пидко. Тој ги тестирал трамбулините со импулсен чекан и акцелерометри за да го истражува ефектот на скокот. Измерил колку сила може да пренесе татко од околу 100 килограми на неговиот син од околу 15 килограми на површина која постојано се менува.

„Она што го забележивме е дека таткото пренесува голема сила на синот, но бројката е повисока врз основа на тоа колку брзо таа сила е обезбедена. Како да сте удрени со чекан“.

Хирургот трауматолог д-р Крег Кук од Јута вели дека третирал околу 100 пациенти со тешки повреди здобиени во паркови со трамбулина: искршени нозе, фрактури на ‘рбетот и трауми на главата. „Ова се неколку типови повреди што ги гледаме кога моторно возило се судира со брзина од околу 140 километри на час, кога пациентот е жртва исфрлена од мотоцикл и лета 30 метри во далечина“, вели Кук.

Роб Арнодл, пак, е извршен директор на парк со трамбулини, кој има синџир на вакви паркови низ САД и уште дузина што се во процес на изработка. Тој вели дека не сите паркови се исти. Иако имало случај на повреда на вратот на дете во неговиот парк, тој не верува дека ваквите паркови се премногу опасни.

– Како некој да зема скии и се спушта низ планина. Има ризици во она што го правите – вели Арнолд. Тој проценува дека повеќе од 100 илјади луѓе ги посетуваат неговите паркови секоја година. И покрај тоа што нема федерални регулации, Арнолд вели дека безбедноста на посетителите е приоритет број 1.

„Во парковите има и резервна трамбулина – ако првата се искине, има втора на која ќе паднете. Проблемот е што ако дојде до тоа горната да удри во втората, тогаш се менува целиот систем на кој функционираат трамбулините“, вели Пидко. Лансирањето ги поврзува трамбулините со челична шипка. Истражувањето на Пидко покажува дека може да се намали трансферот на енергија, но не се елиминира. Експертите веруваат дека кабелот и синџирите што ги поврзуваат објектите во парковите имаат маани.

За период од 4 години луѓето пријавиле околу 15 илјади повреди во вакви паркови во САД, а потврдени биле 6 смртни случаи во 2012. Она што Пидко го бара е сите што одат во вакви паркови да знаат дека сите во тој систем влијаат врз скокот од другиот. Дали парковите може да опстојат ако ја извадат присилната арбитража од нивните договори, што ги намалува правните активности што луѓето можат да ги преземат против парковите. Арнолд е уверен дека ќе опстојат. Исто така, вели дека ја поддржува федералната регулатива и е отворен за соработка со законодавците.

Извор



912

X