Повеќе истражувања покажаа дека во периодот кога детето стекнува јазични вештини, клучно за неговиот социо-емоционален развој е да разговарате и да комуницирате со него дома, велат експертите.

Познато е дека децата копираат сѐ што прават нивните родители, што вклучува „скролање“ на паметниот телефон, што несомнено не е најздравата активност во слободното време ниту за возрасните ниту за децата. А за многу мали деца, времето поминато пред екран значи дека пропуштаат голем број клучни моменти за развивање на нивните јазични вештини, предупредуваат австралиските научници.

Тие тврдат дека кај децата што поминувале повеќе време пред екраните бил забележан побавен и полош развој на јазичните вештини во споредба со децата што се занимавале со други активности.

Додека поминуваат време пред таблет или друг уред, децата помалку комуницираат со возрасните, усвојуваат помалку зборови од родителите и слушаат помалку разговор, а токму разговорот е клучен елемент во градењето на сопствените јазични вештини и процес што може последователно да биде одложен, велат австралиските научници кои ги направија своите набљудувања објавени во списанието „Џама педијатрикс“.

Голем број истражувања покажаа дека во периодот кога детето стекнува јазични вештини, како и за неговиот социо-емоционален развој, клучно е да разговарате и да комуницирате со него дома, велат експертите.

Како дел од истражувањето, експерти предводени од научникот Мери Бруш од австралискиот универзитет во Аделаида проучувале податоци за 220 семејства, снимани на секои шест месеци од јануари 2018 до декември 2021 година, користејќи технологија за препознавање говор.

Снимките дадоа увид во времето поминато пред екранот и општата јазична средина дома, кај децата на возраст од 12 до 36 месеци, во просек од 16 часа на ден.

Експертите утврдиле дека повеќе време поминато пред екранот резултира со помалку време за разговор помеѓу родителите и детето, што значи дека детето дома слушало помалку зборови од возрасните во текот на денот, помалку комуницирало и поретко учествувало во разговорите.

Најголемо и најнегативно влијание на времето поминато пред екраните во оваа смисла е забележано кај децата на возраст од 36 месеци.

Дури и во семејствата кои се придржувале до препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за препорачаното време за деца пред екрани, што значи не повеќе од еден час дневно за тригодишните деца, децата пропуштиле дури 400 збора што би ги кажале возрасните во тоа време под различни околности.

Но, според многу процени, децата во просек поминуваат многу повеќе време пред екраните.

Извор



912

X