Воспитување

Постојат 7 вида дедовци: забавен, мрзлив, дедо-мајстор…

Сè повеќе деца го поминуваат времето со своите баби и дедовци, па сè поверојатно е дека има неколку типа баби и дедовци кои се грижат за своите внуци. Каков тип е дедото или свекорот во вашето семејство?

1. Забавен дедо

Овој дедо е многу забавен. Тоа што има внуци значи разбудување на момчето во него, од кое никогаш целосно не се одделил. Во моментот кога е со внуците, тој станува еден од нив, а тие го имаат најдобриот партнер за играње. Со радост ќе се приклучи во сите нивни лудории, сè додека тие сакаат. Ќе биде иницијатор на пукање со пиштоли на вода, а негова специјалност е „јавање коњче“. Чувањето на внуците е всушност можност и тој да чувствува огромна радост, а внуците го обожаваат овој „забавен дедо“.

2. Дедо што многу зборува

Овој дедо обожава да зборува и да споделува приказни од неговиот живот со неговата млада публика. Се интересира за животите на внуците, но има обичај да им додева со неговите приказни. Зборува повеќе отколку што игра, но како што внуците растат, повеќе уживаат во тоа. Зборува за внуците со голема гордост кога им раскажува на пријателите, па тие се уште едно од нештата за кои се фали.

3. Сеприсутен дедо

Овој дедо може да чувствува дека не бил доволно присутен за своите деца кога биле мали. Пропуштил многу важни моменти од животот на децата бидејќи морал да работи. Затоа сега сака да надомести за изгубеното време преку своите внуци. Присутен е на сите часови по пливање или може да го забележите како ја турка количката на внучето додека тоа спие. Исто така, сака да разговара со другите родители или баби и дедови на игралиштата.

4. Мрзлив дедо

Постои и ваков тип дедо. На грижата за децата гледа како на „женска работа“. Можеби е малку шовинист и расист и не сакате вашите деца да поминуваат многу време со него. Никогаш не сменил пелена во животот. Присутен е, но не е. Тој си седи во својата фотелја додека целото семејство вреви околу него. Но, децата сè уште го сакаат и ќе седнат во неговиот скут за да му покажат нешто. И тој ги сака и се смее со нив, но исто така сака и мир и тишина.

5. Дедо што мисли дека е таткото

Овој дедо ги обожава своите внучиња, толку многу што понекогаш заборава дека тој не е таткото. Треба да го потсетувате дека е дедото, а не родителот, кога ќе премине некоја граница. Ужива да поминува време со своите внуци и му недостигаат ако долго време не ги види. Ги обожава семејните собиранки во текот на празниците.

6. Дедо-мајстор

Овој дедо не може, а да не им го пренесе знаењето за одржувањето на домот на следните генерации. Кога нешто поправа, секогаш ги вклучува и внучињата за да ги научи на нови вештини. Тие обожаваат да го следат низ домот, да поправаат заедно со него и да му ги додаваат алатите.

7. Дедо на отворено

Овој дедо ужива да поминува време надвор и сака да ги запознава внуците со другите. Може да има кајче или комби, но најсреќен е кога седи покрај река или езеро и лови риби, а сака тоа да го прави со неговиот внук или внука, учејќи ги да уживаат во неговото хоби. Совршенство.

Автор: Лана Халовис

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top