Низ прозорецот ми доаѓаат гласови. Се сретнале две сосетки, па разговараат за сè и најпосле едната почна да се жали дека детето воопшто не ја слушало. Другата рече дека нејзините деца биле баш послушни и дека тоа се постигнува така што од малечко, детето се „учи да слуша“.

„Ме слушаат ли мене моите деца“, почнувам да се прашувам, не забележувајќи дека двете жени ме вовлекоа во својата приказна. Никогаш не ми рекле „не сакам“ – тоа е сигурно. Имало денови кога само што влегуваме во станот на петтиот кат (без лифт), а јас би ги замолила да истрчаат повторно до продавница бидејќи сум заборавила да купам нешто. Превртуваат со очите, навистина, ама веднаш без приговор слегуваат по скалите. Во некои важни ситуации и не барам да ме слушаат мене, туку себеси. Ако прашуваат што мислам јас за тоа, тогаш им кажувам.

Забележувам, сепак, дека во последно време прават и нешто што јас не би го направила или не прават нешто што јас би го направила да сум на нивно место. И, да бидам сосема искрена, не ми е криво. На некој чуден начин ми е драго. Не се послушници. Размислуваат со својата, а не со мојата глава. Всушност, Јован еднаш ме потсети на изреката – не ти е пријател оној што секој ден ти дава риба за ручек, туку оној што ќе те учи да ловиш риби“. Послушните деца се добри, но малите бунтовници секогаш прават нешто големо. Често наместо обична, ќе уловат „златна рипка“.

„Добро е“.

Автор: Бранкица Дамјановиќ

Извор



912

X