Заедно сме, во оваа расипана временска машина, движејќи се напред-назад и сега мислам дека можеби како што правиме чекор кон иднината, засекогаш ќе паметиме како дома да се вратиме назад во времето

Моите синови се џинови. И двајцата се повисоки од мене. Тие се бебиња-мажи. Се движат многу брзо и силно. Многу брзо. Колку често посакував временска машина за да се вратам во времето кога беа малечки? Посакував да ја посетам возраста кога бевме заедно по цел ден, секој ден. Назад во времето кога носењето костими беше секојдневна норма. Времето кога целиот свет беше градина, малку со кал. Во минатото кога сè што требаше да направам е да ги натерам да ја разберат нивната моќ да врзат наметка, да им направам ужина, да им залепам фластер. Компликациите се поголеми како што растат тие, а помагањето е многу помрачно.

Како што се доближуваме кон последните денови на мојот син како дете, носталгијата за враќање назад премногу ме обзеде. Очајно барав магични зборови за да го замрзнам времето. Да го слушам неговиот пискав детски глас. Да ги држам тие малечки рачиња, да престане да расте, бидејќи децата си заминуваат.

Кога бил последниот пат кога сме јаделе заедно во вторник, на пример?

Дали премногу силно го посакував тоа? Дали имав малку повеќе моќ отколку што мислев? Дали навистина имам наметка прикачена на мојата маица? Дали сум магија? Бидејќи некако се случи. Пандемија го зафати светот и гравитацијата како да престана. Земјата излезе од колосек, нашите нормални животи се претворија во чудни хибриди од минатото. Нема јасна видливост на иднината, па зошто и да се бара? Едноставно продолжуваме да паѓаме и се молиме да не се срушиме.

Светот е повеќе од вознемирен, а нашиот семеен живот се сведе на големина од еден двор. Моите тинејџери не се веќе во своите волчји глутници. Јас повеќе не возам насекаде. Трамбулините повторно се користат секој ден. Момците дури и ги извадија своите лего-сетови и почнаа да играа со карти. Како браќа, сега се си најдобрите пријатели меѓусебно, прв пат во изминатата деценија, а тоа можеби е најдобрата магија од целата оваа ситуација. Почнавме да вечераме заедно. Па да се собираме за ручек, па потоа оброците прераснаа во заеднички ужини и готвење. Кога бил последниот пат да јадеме заедно во вторник, на пример? Тоа беше кога беа мали деца, кога не одеа на училиште, или кога немаше распореди. Јас јадам путер од кикиритки заедно со моите синови.

фото извор: Елке Говертсен

Сакаме да спиеме. Толку многу спиење. Не ни се допаѓа учењето на далечина. Нашата куќа е хаос. Ја приспособуваме за сопствените потреби – има кревет на тремот, ограда во дворот, бела табла во дневната соба. Ни недостигаат пријателите. Но, не ни недостига драмата. Некогаш ни е здодевно, а некогаш ни е страв. Често тагата се спушта како магла, потресувајќи нè. Треба само да чекаме. Поминуваме заедно, секој ден низ нашите чувства. Понекогаш ги тешам момците како кога беа мали, ги чешам по грбот и им давам храна. Некогаш тие се оние што ме прегрнуваат кога ми треба нешто или кога сум во емоционален хаос. Ги гледам дека се грижат, но ја гледам и љубезноста на нивниот татко, магијата на нивната баба, мојата љубов се зголемува повеќе, ако е тоа можно. Гледам во какви мажи ќе пораснат и горда сум. Некогаш посакувам да не излезам од оваа смиреност.

Сакам светот да се исправи и повторно да се врти. Има толку многу очај во моментов

Не сфаќајте ме погрешно, сè уште сакам тие да излезат надвор во светот, некогаш, ако можеме да го правиме тоа повторно. Да патуваме. Да учиме. Да трчаат заедно со своите глутници низ шумите, завивајќи. Сакам светот да се исправи и повторно да се врти. Има толку многу очај во моментов. Толку многу. Но, кога ќе ги тргнам настрана сите слоеви – бројките, вестите, шпекулациите – кога ќе застанам во мојот двор, во мојот дом, на кујнската маса во вторник попладне, кога ќе ги видам моите момчиња како седат покрај мене и кога ќе сфатам во какви мажи растат, ги слушам нивните детски, но и сега длабоки гласови како се смеат заедно. Ги гледам нивните машки раце, а кога ќе им намигнам, тие повторно стануваат нежни и малечки. Заедно сме, во оваа расипана временска машина, движејќи се напред-назад и сега мислам дека можеби како што правиме чекор кон иднината, засекогаш ќе паметиме како дома да се вратиме назад во времето.

Автор: Елке Говертсен

Извор



912

X