Драги родители на мали деца,

во име на сите родители што се дома со деца постари од една година, сакам да ви понудам извинување. Здравствената криза служи како дефинирачки момент во нашите животи, како и во животите на нашите деца. Животот каков што го знаевме запре, или е ставен на пауза.

Но, вие родителите на мали деца не само што треба да се грижите за безбедноста на семејството, како и за потенцијалниот економски пад поради карантините, туку сте заглавени со недели дома со малечок терорист чија цел се чини дека е да ви го „уништи“ животот. Можеби мислите дека никој не ве разбира, но ние родителите на веќе поголеми деца го знаеме тоа. Иако сме среќни што веќе не сме на ваше место, сепак, се извинуваме. Нема поголема карма во животот од тоа да бидеш заглавен 24/7 со дете на околу една година.

Да се биде со толку малечко дете подолг период е како да се трча маратон без патики, а линијата за крај како постојано да се поместува.

Веднаш штом ќе помислите дека сте го смириле детето – јаде добро, спие и слично – тоа повторно станува немирно. Тоа е очекувано и мора да се преживува кога станувате родител. Ако вашето малечко ви е прво дете, тогаш веќе сте сфатиле дека е на возраст која би ја означиле со „ужасно“. Можеби детето не поминало уште во „ужасно 2“, но кога ќе дојде до 3 и 4 – тогаш е навистина ужасно. Ако не се стигнати дотаму, знајте дека пристигнува торнадо исполнето со голема нужда во нокшир, излегување на забите и друго. Ќе има тооолку многу заби.

Сега животот ви приредува мали трикови и ви ги одзеде моментите на доаѓање гости, екскурзии, а најверојатно и дадилки. Па вие и вашиот партнер сте сами со едно мало човече кое има енергија на двајца возрасни, а способности на 2-месечна верверичка. Исто така, има волја како стадо волови. Кога им велите „не“, тие едноставно сакаат да ве потсетат колку голема волја имаат. Сето тоа е добро, освен што моменталните животни околности не се. Нема одење надвор. Нема гледање други луѓе. Нема музеи, игротеки, роденденски забави. Нема лижење предмети. Нема допирање предмети. Нема ставање различни предмети в уста – кои се едни од најомилени активности на едно дете на мала возраст.

И да не заборавиме дека не смее да се оди надвор без маска врз носот и устата. Ако сте се обиделе да го задржите чевелот на ножето на мало дете, тогаш тоа чувство помножете го со фактор за тешкотија во вредност од 4 илјади и веројатно тогаш ќе сфатите колку е тешко да ја зачувате маската на лицето на детето. Нема ниту да го споменам фактот дека детето постојано сака да ги става рацете в уста.

Бидејќи малите деца не можат да сторат многу работи за себе, вашиот ден е хаотичен освен ако можете да работите 2 секунди откако детето ќе реши дека ќе спие, бидејќи научило да кажува некој збор и сега го кажува 257 пати наместо да спие. Па може да ја изгубите работата, но тогаш барем ќе имате време да ја гледате истата епизода од „Прасето Пепа“ бидејќи детето не ве остава да го промените ТВ-каналот.

Иако ние, родителите на деца постари од вашите, можеме да ги занимаваме дечињата и со „Јутјуб“ или „Фортнајт“, само знајте дека мислиме на вас и се извинуваме за постојаното поместување на крајната линија на маратонот наречен „седење дома со едногодишно дете“. Се разбира, тоа не е ништо во споредба со случајот да се биде заглавен дома и дополнително да се биде заразен со Ковид-19, но карантинот со малите деца исто така е борба.

Жал ни е.

Држете се. Дојдовте до тука. Веќе сте при крајот… можеби.

Автор: Мередит Гордон

Извор



912

X