Еве што педијатрите би сакале да знаат родителите, но нема да им го кажат ако не прашаат. И не, не им е гајле дали сè уште го доите вашето двегодишно дете.

Кога ќе добиете дете, животот станува малку покомплициран отколку што бил. Нова улога, ново бебе и нов стил на живот. А толку нови работи може да бидат застрашувачки, но за среќа тука се прирачниците, интернетот и грижливите (познати и непознати) давачи на совети.

Кога сите заедно целосно ќе ги излудат, родителите обично одлучуваат да ги слушаат само педијатрите бидејќи сите други извори се неисцрпни и често доста контрадикторни.

Па, еве што педијатрите би сакале да знаат родителите, а нема да им го кажат ако не ги прашаат:

Скапите пелени не се подобри од евтините

Не постои ниеден доказ што оди во прилог на поскапите пелени од познатите произведувачи. Сите пелени што не предизвикуваат исип се еднакво добри.

Не постои „вистински“ момент за одбивање од доењето

Кога детето ќе почне да јаде цврста храна, доењето е повеќе галење со мама отколку извор на храна. Кога да престанете да го доите вашето дете е исклучиво ваша одлука. Но, педијатрите препорачуваат, ако е можно, да почекате бебето да наполни барем шест месеци.

Цуцлите не се непријател

Цуцлите се сосема во ред ако на бебето му даваат утеха и го смируваат. Има бебиња што го цицаат палецот уште додека се во утробата на мајката и тие се навикнати на тоа. Но, тоа не е причина да му ја ставате цуцлата секојпат кога бебето ќе заплаче. Прво проверете дали е време да се промени пелената, да не е гладно, жедно, да не му е жешко, обидете се да го забавувате. Ако сето тоа не функционира, понудете му цуцла.

Внимателно со делењето играчки со другите бебиња

Немојте да дозволите глодалките и другите играчки што се ставаат в уста да ги користат другите деца, дури ни децата на вашите роднини или најдобра другарка. Делењето е убаво, и децата треба да научат да делат, но не на возраст кога сè што ќе им дадете ќе го стават в уста.

Немојте да се изгубите во непрегледното пространство на интернетот

Во ред е да фрлите поглед, ако се двоумите, но ако барате совети на интернет, барем држете се до релевантни веб-страници и форуми. Во спротивно, ќе полудите.



912

X