2020 беше година која донесе многу промени во однос на тоа како општеството гледа на татковството и како се создава најдлабоката промена во однос на одговорностите за укажување грижа која не се случила уште од Втората светска војна, според истражувачите, лидеритеод светот на бизнисот и активистите.

Истражувањата покажале дека додека жените се справуваат со дополнителната грижа за време на пандемијата на коронавирусот и се диспропорционално погодени од економската криза, има промена и во бројот на часовите во кои мажите поминуваат време со своите деца. Ова може да доведе до перманентна реевалуација на вредноста на татковството и промена во работните обрасци, според Ен Френки, извршна директорка на Институтот за управување со овластувањата.

– Лидерите во бизнисот сведочат на таканаречено жонглирање на работните обврски и семејниот живот, како и на фактот дека и двајцата родители треба да бидат овластени да го практикуваат тоа – вели таа. Промената во домашното работење ги принуди лидерите во бизнис-светот да признаат дека флексибилното работење може да биде придобивка за сите вработени, како и за штедењето пари. Татковците се витални во однос на прогресирањето на родовата еднаквост за мајките. Без напредокот за татковците дома, не може да има напредок за мајките на работните места, бидејќи паричката има две страни – вели таа.

Во мај Канцеларијата за национални статистики открила дека првото воведување на карантинот довело до пораст од 58 отсто во однос на преземање на грижата за децата од страна на мажите, а нивните работни часови се намалиле за 1 час и 37 минути дневно. Додека жените сè уште ги извршувале обврските околу децата во поголем дел, празнината во однос на тоа прашање се изменила. Во 2015 година Канцеларијата открила дека мажите поминуваат 39 отсто од времето во грижа за децата, во споредба со 64 отсто за време на карантините. Тоа може да доведе до најголема промена во таа област уште од периодот на Втората светска воја, вели Едриен Бурџис, заеднички извршен директор на институтот „Татковство“.

– Истражувањето покажува дека кога се случува општествено движење, кризата често го забрзува движењето. На пример, пред Втората светска војна жените градациски се придвижувале на работните места, а војната дополнително го поттикна тоа – и мислам дека сега сведочиме на слично движење во однос на  вклучувањето на татковците во грижата за децата – вели таа.

Елиот Рае, основач на платформа за родители и животен стил за мажи, вели дека зборувал со многу татковци кои сега жалат што претходно не поминувале доволно време со децата во текот на работната недела. Тие сега сметаат дека тоа лошо влијаело врз нивните семејства. Доналд Мбеутча од мрежа за поддршка „Доуп Блек Дедс“ вели дека има чувство оти се случила општествена промена, со поголема вредност додадена на татковството.

– На Интернационалниот ден на мажите не сакаме прослава на патријархалноста која се слави 365 дена во годината – сакаме да ги славиме татковците кои земаат поактивни улоги наместо само да одат на работа и да не се враќаат додека не дојде време за спиење. Мислам дека мажите почнуваат да ја сфаќаат убавината на татковството, радоста и балансот -вели тој.

– Ако мажите продолжат да поминуваат повеќе време со своите деца откако светот се најде во новото нормално, тогаш тоа може да има позитивно влијание. Тоа е придобивка за децата и за жените. Но, навистина е придобивка и за мажите – односите базирани на љубов се исполнувачки, а тоа е смислата на животот – вели Данкан Фишер од „Семејна иницијатива“.

Кога се појави пандемијата, Умар Канкија (35) бил истоштен – станувал во 5 часот наутро, ги будел децата, ја носел ќерката на училиште, синот во градинка, го оставал автомобилот, а потоа трчал да фати воз. Сето тоа му предизвикувало константен стрес. Потоа, одеднаш, тој и сопругата останале дома со децата бидејќи земјата била затворена во карантин. Канкија паузирал од работата, па станал и учител и менувач на пелени и едноставно уживал во тоа.

– Не мора да се вратам на истото – рекол Канкија. Добил нова работа во мај, а тој и сопругата, како и многу двојки што работат од дома, почнале да работат во смени, со повремени конференции на „Зум“ попречени од децата, кои имаат 5 и 2 и пол години. „Луѓето имаат поголемо разбирање, повеќе се свесни за тоа дека сте татко. Нема такво чувство дека треба да се срамите или да бегате од тоа“.

Тој е убеден дека кога ќе се врати старото нормално, само неколку татковци ќе сакаат работите да бидат како претходно.

– Сакам да мислам дека кога работите ќе се вратат во нормала, нема да има страв кај татковците да зборуваат гласно за нивните проблеми.

Автор: Александра Топинг

Извор



912

X