Воспитување

Пандемијата го претвори мојот син во екстроверт

„Здраааавоооо!“

Звукот на мојот 4-годишен син ми ги прободува ушите додека носам многу кутии во багажникот од автомобилот на паркинг пред маркет, во еден студен, сив, зимски ден. Тој седи на задното седиште од автомобилот помеѓу играчките и ужината, но дури и со неговата флуоресцентна маска на лицето можам да забележам дека се смее додека мавта со рацете. На кого му вели – здраво, се прашував. Пред да се свртам да видам, слушам одговор: „Здраво, другар. Како си?“

Погледнав и видов, не толку далеку од паркингот, човек кој ги поставува сопствените купени намирници во неговиот автомобил. „Не излегуваме често“, му викнав на човекот, користејќи извинувачки тон за кој веднаш се почувствував лошо. Зошто имам потреба да го објаснувам пријателското однесување на син ми? „Сфаќам. И кај мене е истата ситуација“, одговори човекот. Тој имаше две мали ќерки. Ми кажа за нивната возраст и ги слушнав нивните гласови: среќни, високи, возбудливи – истиот како и моите ќерки (на училиште се во моментов) кога се согласуваат.

Можеби е нешто што го чувствува, како чудна магла, невидлива за око, но задушувачка на моменти

Поентата е дека човекот од паркингот веројатно беше четвртата или петтата личност со која мојот син „агресивно“ се спријатели додека набавувавме намирници тој ден. Но, мојот син не бил отсекогаш ваков. Пред пандемијата беше целосно незаинтересиран за непознати, или им упатуваше поглед кој малите деца често знаат да го упатат или, пак, срамежливо го криеше лицето. Сега, на вакви ретки пригоди кога излегуваме, тој ги поздравува луѓето и не се смирува додека не ги награди со насмевка. Исто така, зема неколку од неговите омилени играчки кога ќе му кажам дека одиме во автомобилот. Мислев дека тоа е начин за да ја згаси здодевноста додека се возиме, но брзо сфатив дека тој ги користи играчките како мамка, за да привлече внимание. Тие беа поттикнувачи на разговори. Не знам колку неговото сегашно социјализирање е дел од неговиот природен развој и колку од тоа е обликувано од сегашните околности.

Но, понекогаш мислам дека сака да каже: „Сите се тажни“. Можеби е нешто што го чувствува, како чудна магла, невидлива за око, но задушувачка на моменти, па тој чувствува потреба да ја „исчисти“.

Веројатно премногу обрнувам внимание на ова. Тој има 4 години, сепак и е наше трето дете, па најмногу сака внимание, а ние, за жал, веројатно не му даваме доволно деновиве. Пандемијата го наруши нашиот баланс помеѓу работата и животот, па сега се трудиме да останеме смирени кога децата имаат по 25 „напади“ во текот на денот. Можеби, размислувам, чувствувајќи вина во себе, тој се обидува да надомести за она што не го добива дома. Знае дека е сладок и дека дури и намуртените возрасни лица ќе започнат разговор со него. Иронијата е дека јас не сакам интеракција со непознати, па дури и познајници и немам интерес да создавам нови пријателства.

Тој краток момент на топлина кој произлегува од родителска солидарност со непознат имаше многу поголемо значење од што било друго деновиве

Првиот пат кога ставив маска во продавница, се чувствував до некаде задоволна од таа половична анонимност. Го имав истото задоволство кога носев труднички фармерки прв пат, повлекувајќи го ластикот и прашувајќи се каде беа овие фармерки целиот мој живот. Живеењето во Њујорк отсекогаш изгледало како добра идеја за мојот карактер. Секогаш ми беше напорно кога го посетувавме семејството на сопругот во Флорида. „Зошто секогаш сакаат да разговараат со тебе и да знаат за твојот живот?“ му реков на сопругот, веројатно превртувајќи ги очите кога се вративме во автомобилот од една средба со пријателски расположени непознати луѓе од Југот: „Нема да се видиме никогаш повеќе. Која е поентата?“

Но, мислам дека сега го знам одговорот. Веројатно никогаш нема да го видам таткото од паркингот. Нашата интеракција беше толку кратка и како што бевме оддалечени три пати повеќе од препорачаната дистанца, со маски на нас, сигурно не би се препознале и ако се видиме повторно. Но, како што се одвезувавме со автомобилот, сфатив, за изненадување на интровертот во мене, дека јас всушност уживав во краткиот разговор. Тој краток момент на топлина кој произлегува од родителска солидарност со непознат имаше многу поголемо значење од што било друго деновиве. Го започнав денот малку изнервирана што не сум направила подобар животен распоред и што морав да одам на набавам намирници кога синот не беше на училиште. Но, кога се вративме дома, ми беше мило што тој беше мене.

Автор: Кајлин Рајли

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top