Се разбира дека сте наследиле гени од двајцата родители, но ако вашиот татко има доминантни особини, веројатно и вие ќе бидете такви. Се установи дека генетиката не влијае само врз бојата на очите и градбата на телото, туку од неа зависи и колку ќе бидеме подготвени да ризикуваме, како и во која положба обично спиеме.

Карактеристики што децата ги наследуваат само од таткото

1. Болести на срцето – според истражувањата што ги спровеле научниците од Универзитетот „Лестер“, мажите што се носители на одреден тип хромозоми имаат речиси 50% веројатност дека ќе страдаат од болести на коронарните артерии. Под одредени околности, оваа особина се пренесува на синовите.

2. Ментални нарушувања – меѓу менталните нарушувања што се пренесуваат од таткото на детето се шизофренијата и АДХД. Колку што е постар таткото, толку е поголем ризикот бидејќи ДНК кај мажите се менува со текот на годините. Што се однесува до жените, нивната ДНК не се менува.

3. Криви заби – гените од таткото се главни за забите и формата на вилицата и повеќе влијаат врз квалитетот и обликот на забите отколку гените на мајката. Детето може од таткото да ги наследи не само кривите заби, туку и слаби заби со предиспозиција за расипување.

4. Проблеми со неплодност – научниците тврдат дека нискиот квалитет на спермата може да биде и генски проблем. Ако детето е родено со помош на вештачко оплодување, тогаш е голема веројатноста дека и самото ќе страда од неплодност.

5. Полот на детето – машките гени го одредуваат полот на нероденото дете. Предвидувањето може да се направи со преглед на семејното стебло на таткото.

6. Бојата на очите на детето – цртите на лицето и бојата на очите најверојатно ќе бидат исти како на таткото.

7. Висината на детето – во голема мера зависи од гените на таткото. Високите татковци обично имаат високи деца.

Малку и за интелигенцијата

1.Интелектот не се пренесува од таткото на детето. Односно, ако таткото е гениј, тогаш неговиот син 100-процентно нема да ги наследи овие гени.

2. Ако татко ти е идиот, ти не мора да бидеш тоа. Тоа не се наследува и природата повторно совршено ги средува работите.

3. Интелектот од таткото може да го наследи ќерката, и тоа само половината.

4. Мажот може да го наследи интелектот само од својата мајка, а таа го наследила од својот татко.

5. Ќерка на гениј ќе биде точно 50% паметна како својот татко, но нејзиниот син ќе биде гениј.

Заклучок за мажите

1.За да прогнозирате колку ќе биде паметен вашиот син, гледајте во таткото на неговата мајка.

2. Вашата ќерка ќе наследи половина од вашиот памет, но половина и од вашата глупост. Нејзиниот син ќе го наследи вашиот интелект во целост.

Заклучок за жените

1.Умот на вашиот син е копија на вашиот татко.

2. Вашата ќерка, според воспитанието, ќе биде како вас, но ќе го има умот на татко ѝ.

3. Нејзините синови ќе бидат ментални копии на вашиот сопруг.

 



912

X