Родителството може да биде предизвик, особено за оние што поминале низ трауматски искуства. За нив, спонтаната игра и релаксација може да изгледаат туѓо, па дури и непријатно. Сепак, истражувањата покажуваат дека разиграноста не е само начин за поврзување со децата – таа е клучна алатка за емоционална регулација и издржливост, тврди психологот Робин Кословиц.
-Студијата од Универзитетот во Орегон покажа дека возрасните со посилна склоност кон игра за време на пандемијата на ковид-19 покажале поголема отпорност, полесно се справувале со предизвиците и одржувале чувство на контрола врз сопствените реакции. За родителите што доживеале траума, играта често може да изгледа неприродно или дури и заканувачки како губење време, но децата учат за светот преку игра – објаснила таа.
Додала дека добрата вест е што родителите не мора сами да ја дизајнираат играта – доволно е да ги следат сопствените деца и да ги остават тие да бидат водичи.
Ако разиграноста не им доаѓа природно на родителите, постојат едноставни начини да ја развијат.
Играта во родителството има повеќекратни придобивки.
-Им помага на родителите и децата да ги усогласат своите емоции, им овозможува креативно учење преку секојдневните активности и им покажува на децата како да се соочат со предизвиците на флексибилен начин. Покрај тоа, играњето може да го активира допаминскиот систем, поттикнувајќи позитивна мотивација – на пример, раскренувањето на играчките може да стане забавен „лов на богатство“ наместо досадна работа на родителите.

Затоа се чини дека некои родители имаат „таен трик“ за родителство – нивниот трик е играта – открива психологот.

Ако разиграноста не им доаѓа природно на родителите, постојат едноставни начини да ја развиете. Клучот е да се препуштите на имагинацијата на вашето дете, да ја редефинирате играта така што ќе бидат вклучени секојдневните моменти (како смешни гласови или приказни пред спиење) и да започнете со мали чекори, како што се само пет минути насочена игра на ден.
-Играта не е само забава – таа помага да се создаде сигурна врска меѓу родителот и детето, а исто така им овозможува на родителите да ги излечат сопствените емоционални обрасци. Бидејќи на децата не им треба совршен родител – им треба родител кој е подготвен да игра – заклучила Кословиц.
912