Книгата на познатата авторка Ребека Еанс со наслов „Водич за позитивно воспитување на новороденчиња“ е објавена низ цел свет. Сигурно сте прочитале еден од нејзините најпознати цитати, кој гласи:

„Многу често децата се казнувани поради тоа што се луѓе. На децата не им е дозволено да бидат нерасположени, да имаат лош ден, да се обратат со грд тон или да покажат негативен став. Од друга страна, ние возрасните, постојано се однесуваме на таков начин. Никој од нас не е совршен. Мораме да престанеме од своите деца да го бараме она ниво на совршеност и непогрешливост кое ни самите не можеме да го постигнеме“.

Многу родители го разбираат значењето на цитатот: децата не се совршени и од нив често очекуваме многу подобро однесување и поголема смиреност отколку што дури и ние, возрасните, можеме да покажеме. Тие родители се свесни за развојните фази низ кои поминува детето и се подготвени да се обидат да го воспитуваат  со разбирање и емпатија. Меѓутоа, постојат многу други луѓе што тоа погрешно го сфаќаат, мислејќи дека во ваквите цитати од нив се бара на децата да им го дозволат секое однесување, односно дека треба да го занемарат секое непочитување и секој лош став, што очигледно не е она што се предлага.

Барајте многу од децата! Но, ве молам, задржете се и вие на тоа ниво.

Не проектирајте го своето лошо расположение. Научете како да се носите со својата фрустрација, лутина, страв, тага или разочарување. Не бидете непристојни кон нив, а ни кон другите. На сите ни требаат високи стандарди, а знаете уште што ни е потребно? Малку милост. Иако знаете подобро, понекогаш ќе се случи да имате лош ден и да кажете нешто лошо, но и да ја треснете вратата или да им викате на своите деца.

Не сме роботи. Понекогаш животот е само тежок, а потребна ни е пауза, не предавање. Ни треба прегратка, а не поглед полн со презир. Знаеме дека сме направиле нешто погрешно, но поминуваме низ тежок момент. Потребна ни е само милост. Истото важи и за нашите деца.

Еве добра вежба:

Слушајте се себеси, а и другите возрасни во домот и следете како зборувате и што правите во присуство на децата.

Дали сте го игнорирале своето дете кога ви се обраќало?

Дали му викате?

Дали некогаш сте разговарале со лош тон?

Дали сте ја треснале вратата, превртеле со очите?

Ова е вежба која ќе ни ги отвори очите бидејќи сфаќаме дека повеќето од нас прават барем една работа поради која многу му се лутат на своето дете. Имаме причини, се разбира. Нервозни сме поради работата.

Поради бебето, ни недостига сон. Болни сме и не постигнуваме да завршиме сè. Тоа не значи дека сме лоши, туку сме добри луѓе што се обидуваат и често се растргнати. Склони сме на согледување на примерот од сопственото однесување и си даваме на себе некаква милост за грешките. Но, кога тоа го прават нашите деца, не ги гледаме причините.

Ги гледаме како непослушни и веднаш преминуваме на нивна корекција. Можеби сме луѓе, но од своите деца очекуваме премногу, а тоа е неправедно. Ако не можеме постојано да го контролираме секој свој гест, збор, потег, не треба да очекуваме и нашите деца да имаат совршена емоционална контрола. Ако не можеме секогаш да зборуваме со љубезен глас, како можеме да очекуваме дека нашите деца ќе се носат со тоа? Очекуваме тие мали деца со мозок во развој и ограничено животно искуство да се однесуваат подобро отколку возрасни мажи и жени.

Целосно ги поддржувам високите стандарди и тоа што од своите деца барате многу

Мислам дека би требало да очекуваме нашите деца да бидат љубезни, промислени и добро воспитани. Мислам дека мораме да ги исполниме нашите сопствени очекувања.

Се разбира, многу е важно да ги научите своите деца никогаш да не бидат безобразни или арогантни. И децата и возрасните треба да бидат одговорни за своите постапки. Неможноста да влијаеме врз своите деца кога им е потребна корекција на однесувањето е попустливост, а тоа не е позитивно воспитување на децата. Треба да ги научиме да работат подобро, а за да успееме во тоа, ние мораме да работиме подобро. Ние, возрасните, треба да поставиме висок стандард и да го направиме патот. Мораме, исто така, да се сетиме дека понекогаш сочувството е најдобар учител. Понекогаш, милоста е решение.

Јас сум добра личност, но знам и дека сум несовршена. Јас сум несовршена личност која расипала сѐ и покрај сите мои напори и знам дека и моите мали несовршени луѓе, исто така, можат сѐ да расипат. Тоа не ги прави лоши, но на сите ни дава шанса да растеме и да се унапредуваме.

Понекогаш поправката е апсолутно неопходна за да бидете сигурни. А понекогаш ни треба само малку љубезност.



912

X