По играта „Син кит“, поради која животот си го одзедоа 130 млади од 10 до 16 години, се појави нова морничава игра за деца наречена „Момо“.
Оваа игра предизвика голем страв кај родителите низ целиот свет затоа што ја поврзуваат со смртта на 12-годишно девојче од Аргентина.
Играта почнува така што ги предизвикува децата да ја контактираат Момо, женски анимиран лик со страшен изглед.

 

Момо е кукла со големи очи и долга црна коса за која се смета дека е направена по примерот на хорор-куклата на јапонскиот уметник Мидори Хајаши.

Како и во „Синиот кит“, на децата им се даваат различни задачи, а ако детето не ја заврши задачата, почнуваат да му стигнуваат заканувачки пораки на мобилниот телефон. Оваа игра најмногу се шири преку „Вацап“, а на децата многу брзо почнаа да им стигнуваат слики со насилство, пораки и закани.



912

X