Во Општина Чучер Сандево денеска се отвори првата градинка „Мило мое” во рамките на ООУ „Александар Урдаревски“, со капацитет на згрижување на 110 деца.

Новоотворениот објект го посетија премиерот Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ и директорката на градинката, Ирена Пигуловиќ.

-Денеска ја отвораме првата градинка во Чучев Сандево. Денеска го остваруваме сонот на жителите, радува фактот што тука се запишани веќе 70 деца кои никогаш досега не оделе во градинка, досега децата од општината морале да одат во друга општина. Родителите ќе имаат простор полесно да си ги извршуваат своите обврски, за нас децата се важни затоа за првпат овозможивме градинки да се отворат во 10 населени места – изјави Ковачевски.

Чучер Сандево е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Во состав на општината има повеќе села, од кои најголеми се Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Бањане, Горњане, Кучевиште, Побожје и други. Општината брои околу 8.493 жители.

Извор: МИА



912

X