Ние никогаш не сме се разделиле.

Н има 4 години.

М: Откако се роди, ние воопшто не се раздвоивме. Што да ви кажам… не знам дали разбирате… секогаш сум се обидувала да му надоместам… мислам дека освен мене тој нема никого.

П: Сакаш да ти дадам фломастери, да ти наместам да црташ, додека мама и јас овде зборуваме?

Н: Не сакам без мама.

Н: Почнува да кенка, ја дофаќа мајка си, седнува покрај неа во скутот и ја држи.

М: Ете гледаш, тој не сака никаде без мене. Сега малку е комплицирана ситуацијата… тато отиде кога јас бев бремена и во тоа време ми почина и таткото.

П: Јасно ми е… некои работи не би ги разговарале пред него.

М: Знам… но,што ќе правам. Не знам, дали јас сум проблемот? Бидејќи тој навистина има сè што сака, никогаш ништо не сум му одбила, еве ако ми веруваш, тој вреска, цел булевар се тресе, јас се враќам да му го купам автомобилчето.

П: Вие не работите?

М: Не.

П: Воопшто не сте работеле откако се роди тој?

М: Не, ви велам, не сме се одвојувале.

П: Ни во градинка не одел никогаш?

М: Никогаш.

П: Спие сам?

М: Не, со мене, од третиот месец. Дали ми веруваш кога тој така вреска, мене ми доаѓа да седнам покрај него и да плачам. Јас просто имам впечаток дека тој мене… ме малтретира. Ете кога така морам да кажам.

П: Мислам дека вие не сте поставиле никакви граници.

М: Како мислиш граници? Не разбирам…

П: Мислам во конкретна смисла забрана… бидејќи тој сè добива, а вие воопшто не можете да издржите кога плаче.

М: Верувај ми дека јас едноставно не можам…

П: Само секунда. И мислам граници во симболична смисла, бидејќи не му дозволувате ниту емотивно ниту ментално да се одвои од вас.

М: Знам дека сум јас проблемот.

П: Би требало да побарате помош. Често се случува ако имаме некоја голема загуба во текот на бременоста, со раѓањето на детето да го компензираме тој губиток. И тогаш не можеме да дозволиме детето да се одвои од нас бидејќи тоа ќе повторно ќе го активира губитокот и ќе нè натера да се соочиме со процесот на тагување кој не ни почнал или не е завршен.

М: Да, но верувајте, јас немам кому да го оставам.

П: Нека седи со бабата.

М: Се согласувам јас со сè…

П: Вие морате со него да градите еден нов автентичен и искрен однос кој нема да го носи бремето на губитокот и односот кој порано сте го имале.

М: Да…

Кога повеќе значајни животни настани ќе се случат во исто време, понекогаш не сме во состојба сите да ги обработиме. Сепак, важно е да поставиме јасни граници помеѓу односите и да го завршиме процесот на одвојување и тагување за тие односи да не се одразат врз нашиот однос со детето. Чувствата од кои бегаме, како што се немоќта или тагата, нема да ги толерираме ниту кај своето дете.

(кратенки П-психолог, М-мајка)

Извор: Психосинергија



912

X