Пред десетина години се случи нешто што сериозно ме замисли на темата генетика и воспитување. Ми се јави една жена од Црна Гора бидејќи слушнала дека работам неврофидбек-дијагностика и тренинг за деца со дефицит на внимание и хиперактивност, па закажавме тестирање за нејзиниот син. Дојде со сопругот, кој беше директор на некоја голема фирма, но тој само ја донесе и веднаш отиде да заврши некоја работа. Кај детето на возраст од околу 6 години уште од врата се гледаше дека е хиперактивно. Очите му играа, дотрча веднаш кај мене да види што има во ординацијата, но не ме ни погледна…

Го завршивме снимањето и јас констатирам дека детето има дефицит на внимание кој е прилично изразен. Ѝ давам на мајката некои упатства околу исхраната, промени во начинот на воспитување и се договараме да се видиме за неколку месеци кога ќе можат да останат подолго во Белград за да почнеме со неврофидбек-тренингот.

Доаѓаат по приближно 4 месеци. Овој пат се појави и таткото. Јас веднаш, уште од врата имам впечаток дека донеле некое друго дете. Ова дете прво ме погледна в очи, па се поздрави и учтиво ме праша дали повторно можеме да ги играме оние игри што се играат со мозокот. Кога ја направив првата EEG-снимка, мислев дека ми се расипал уредот. Ова не беше истиот оној мозок. Детето нема дефицит на вниманието. Како е тоа можно, се прашував кога се уверив дека сè работи како што треба. Друг мозок! Да не ми го донеле братот близнак, да ме проверат, си помислив. Но, тоа ми звучеше будалесто.

„Што му правевте, за вака да се промени? Да не вовеле кај вас во Црна Гора трансплантација на мозок?“ – ги прашав родителите. Таткото се смее, а мајката раскажува што се случило:

„Кога му реков на сопругот по прегледот дека нашето дете има недостиг на внимание, тој тоа малку погрешно го сфати мислејќи дека не му посветуваме доволно внимание. Па рече: „Е толку да му се сневиди пукавме кога се роди и сега нему му недостига внимание. Од утре ќе биде поинаку!“
„И што направивте поинаку?“, прашав.

„Па, татко му го фати и не го пушти. Го водеше со себе на работа, го запозна со сите и го претстави како наследник – овој еден еден ќе раководи со вас – им велеше. Го водеше на работни состаноци, во производството, секаде… Потоа се консултираа што е паметно да се работи во фирмата, за заменик-директор го прогласи, само во тоалет и во кревет одеше без него. И ете, само тоа се промени…“

„Ах“, си размислував, „кога би можело на рецепт да им се припишуваат татковци на синовите барем 8 часа дневно наместо лекови…“

Завршив со нив чудејќи се, со желба што побрзо да стигнам дома и да видам што прават моите деца, да не им недостига внимание можеби…

Автор: Небојша Јовановиќ

Извор



912

X