Воспитување

Необична новогодишна прослава во детската градинка Литл Ми

Со блескави детски насмевки ја испраќаме 2023 година – Необична новогодишна прослава во детската градинка Литл Ми

Спомените од детството имаат посебно место во срцето кај секој од нас, секогаш со задоволство им се навраќаме и затоа е многу важно какви спомени создаваме заедно со децата, бидејќи секој момент ќе биде длабоко врежан во нивната меморија.

Тимот од детската градинка Литл Ми своето внимание целосно го посветува на детската искреност, среќа и насмевка и се труди секој момент поминат во градинка да биде најубавиот, најтопол детски спомен. Токму поради тоа, на сите дечиња им приредија необична новогодишна прослава за паметење.

Ако помисливте дека Дедо Мраз не постои, тогаш сте во голема заблуда затоа што вчера во Литл Ми пристигна вистинскиот Дедо Мраз, со полни раце подароци ги израдува сите дечиња и внимателно ги слушна нивните желби. А детските желби се многу лесно остварливи, со својата детска непосредност посакаа да ги отпеат нивните омилени песнички, да танцуваат со своите другарчиња и да ги прегрнат своите мама и тато, братчињата и сестричките.

Новогодишната прослава во Литл Ми се претвори во магија од блескави насмевки. Со радосен детски џагор, подароци за секого, многу музика и танцување, дечињата заедно со добрата самовила и Дедо Мраз ја испратија старата 2023 година како што доликува.

До Нова година броиме ситно и сѐ е во знакот на среќа, радост и љубов, а следниот линк https://www.instagram.com/reel/C1XbBjxsdho/ ве носи до најбезгрижни насмевки кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ја разбудат новогодишната еуфорија, а можеби и ќе ви ја вратат вербата во Дедо Мраз

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top