Можеби се сеќавате како нашите родители инсистираа на тоа „да се обидеме и да дадеме сè од себе“. Но, сепак, во зборот „обидe“ е вградена програма за неуспех

Колку пати на ден ги уверуваме другите дека ќе се обидеме да направиме нешто? Зошто воопшто го употребуваме тој збор?
Затоа што длабоко во душата знаеме дека веројатно нема да го направиме тоа.
Можеби сметаме дека ја немаме таа вештина? Сакаме вистински да се оградиме, зарем не? Не сакаме да дадеме ветување кое можеби нема да бидеме во состојба да го исполниме, а истовремено не сакаме да ги разочараме луѓето.

Исто така, не сакаме да кажеме „не“ веројатно поради тоа што не сакаме да им оставиме впечаток на другите дека се спротивставуваме или провоцираме понатамошна дискусија за која немаме време или едноставно не сакаме да се впуштиме во неа. Така почнуваме да се „обидуваме“ да ја направиме таа работа, знаејќи дека тоа не мораме да го направиме, туку само да се „обидеме“.
Како изгледа тоа обидување да се направи нешто? Значи, тоа изгледа како некој да го прифаќа фактот дека не може да го направи тоа и дека нема да го направи тоа набрзо откако ќе ја изговори фразата дека ќе се обиде.
Тоа значи дека кога ќе ги замолиме децата нешто да се обидат, ние очекуваме иста реакција, зарем не?

Можеби се сеќавате како нашите родители инсистираа на тоа „да се обидеме и да дадеме сè од себе“. Но, сепак, во зборот „обиде“ е вградена програма за неуспех.

Обрнете внимание на тоа дека кога ќе ја преформулирате реченицата без зборот „ обиде“, децата ќе бидат помотивирани. Зборот „обиде“ однапред претпоставува дека тоа ќе им биде тешко и дека од нив се очекува да се откажат од вежбата побрзо отколку што вие очекувате.

Замислете дека пред вас се две кутии и јас ви велам да ја подигнете првата. Ќе ја кренете многу лесно зашто претпоставувате дека е многу лесна. Потоа ве замолувам да се обидете да ја кренете другата кутија. Во истиот момент вие очекувате дека можеби ќе ви биде тешко да ја кренете. Ако ви речев „обидете се со сета сила“ или само обидете се, јас ќе ја нагласев тежината и вие веројатно ќе ја гледавте кутијата прашувајќи се колку е тешка и дури ќе размислевте да побарате помош.
Всушност, кутиите се со иста тежина. Единствената разлика е во нашите очекувања колку е тешка втората кутија.

Понекогаш може да ги замолите вашите деца да направат нешто што вие сметате дека е навистина тешко. Меѓутоа, тоа не мора да им биде тешко колку што вие очекувате. Изразете го тој предлог како нешто што тие можат да го направат, а не како нешто што не можат.
Во зборот „обиде“ е вградена програма за неуспех.
Само „направете“!



912

X