Воспитување

Не сакав повеќе да бидам „зафатената мајка“, па воведов нов систем

Сега повеќе од кога било многу од нас страдаат од преголем ментален товар. Менталниот товар е термин кој го насликала Ема, Французинка-карикатурист, која прикажала како на рамената на многу жени стои голем товар, особено кај мајките. Товарот ја отсликува вообичаената положба со која се соочува носачот на товарот, одговорен за одржување на домаќинството и логистиката – активности кои не се платени.

Веројатно знаете какво е чувството да бидете постојано насочени кон координирање на животите на луѓето кои ги обожавате повеќе од сè на светот. Купување храна, подготовка на оброци, чистење, перење, плаќање сметки, носење, земање – нема крај. Физичкиот акт на носење на „листата“ е еден аспект од борбата, но вистинскиот товар лежи во постојаната емоционална тежина предизвикана од континуираната мисла за сите овие обврски. Кога првпат го открив името за сето ова, се чувствував оправдано. Но, ништо не се смени додека не презедов акција. Прво, го отстранив мојот ментален товар преку 4 клучни области:

1. Набавување храна и подготовка;
2. Перење и чистење;
3. Домашна администрација;
4. Транспорт и логистика.

Следно, го класифицирав секој дел од менталниот товар како нешто за кое „не се преговара“ и како нешто „убаво да се има“. Ова беше многу важно бидејќи јасно можеше да се види дека се оптоварувам премногу кога тоа не е ниту потребно. На пример, дали требаше да испечам свеж леб за на училиште? Хм, не, децата може да земат банана или, пак, да си зготват нешто самите. Со оваа нова перспектива бев способна да направам еден од трите избори за секоја област, започнувајќи прво од категоријата „не се преговара“, па до „убаво е да се има“:

1. Повторна дистрибуција – да се даде на некој друг.
2. Повторна ставање во рамка – менување на стандардите.
3. Оставање – престанок на некоја активност.

фото: Андреа и семејството/Supplied

Процесот беше толку добар и ми даде моќ, па што си дозволив да разговарам со сопругот за креирање свесност наместо да се оптоварувам себеси, а и него со сите тие обврски. Се овозможи здрава дискусија за тоа што треба да се даде некому, на што треба да се даде нова рамка, а што треба едноставно да не се прави. На пример, едно од нештата за кои не се преговара и една од најстресните активности на мојата листа беше правењето вечера. Не дека готвењето ми е тешко, туку одлуката да се готви, наоѓањето намирници и наоѓањето време за готвење додека се соочувам со крајни рокови на работа и возење на децата до училиште и на воннаставните активности.

Сега некои од обврските му се доделени на мојот сопруг, кој во недела подготвува оброци за неколку дена. Не ме ни прашува што треба да готви бидејќи разбира дека таа обврска ми создава голем ментален товар. Така, целосно се промени функционирањето на нашето семејство. Овој процес ни го поедностави животот, иако е константна работа на себе, но имам чувство дека има голема промена, а чувството на безнадежност и исцрпеност што ги носев толку многу години сега се намалени. Ако некогаш си пишувам писмо на себеси, тоа би содржело реченици во кои стои да не ја одржувам таа стереотипна улога која општеството ми ја наметнало. Како вработена жена, се приспособив на тоа да „жонглирам“ во животот без да сфатам што всушност сакам да постигнам.

Мојот сопруг стана снабдувачот на семејството и претпоставував дека контролира сè друго во нашиот живот, иако и јас исто така работев. Всушност, требаше да споделуваме сè заедно, уште од самиот почеток. Дали уште жонглирам? Дали се исцрпувам? Да, повремено. Но, повеќе не го правам тоа сама, а некако тоа доведува до голема разлика.

Автор: Андреа Колинс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top