Мајка се исповеда за фаза во родителството кога нејзините деца се осамостојуваат се повеќе и повеќе

Мојот најстар син порано посегаше по мене, ме фаќаше за косата и нежно ми ги вртеше краевите ако бевме разделени неколку часа. Му беше потребно да лежам до него за да заспие и секогаш сакаше да седам во автомобилот и да го гледам додека да влезе во училиштето кога беше основец.

Мојата ќерка знаеше да каже: „Мамо, потребно ми е малку од твоето време“. А потоа немаше ден, а таа да не се обидеше да се испречи помеѓу мене и телевизиските програми, повици, списанија – кога беше малечка.

Нешто што го сфатив откако добив 3 деца со мала разлика во годините е колку задушувачки е тоа. Но, тоа задушување за кратко време преминува во осаменост. Моите тинејџери не ни сакаат да ги поздравам кога поминуваат покрај мене, а камоли да побараат некаков вид внимание. Сега не им требам да ги заспијам или да лежам до нив. Наместо тоа, повеќе сакаат да одам во кревет за тие да може да слезат долу и да земат за јадење што сакаат. Мојот најстар син сега вози, па не сум му потребна ниту да го однесам некаде бидејќи повеќе се забавува како голем брат наместо јас да го засрамувам пред неговите скапоцени пријатели.

Кога децата се малечки, имаат потреби. Едноставно така функционираат одредено време. Ние сме им толку многу потребни, што единствено нешто што сакаме е да бидеме накратко оставени со сопствените мисли, бидејќи не можеме ниту да одиме во веце без некој да чукне на вратата.

Ми требаш да ми дадеш ужинка.

Ми требаш да ми помогнеш да ја дофатам книгата.

Ми треба да ми помогнеш со лего-коцките.

Не можам да заспијам ако не си тука.

Сакам да си играш со мене.

А што со моментите кога се тушираш или ги средуваш веѓите, а сопругот гледа видеа на својот телефон, и сепак ние сме оние што сме им потребни? Да, се жалиме поради тоа бидејќи е премногу тешко. И не, тоа не значи дека не ги сакаме нашите деца. Тоа значи дека е најисцрпувачка работа да се биде толку потребен некому.
Но, потоа…

Потоа, сè исчезнува. На вашите деца не само што нема да им бидете потребни, туку нема ни да сакаат да им бидете во близина.

Драго ми е што моите деца се повеќе независни сега и не мора да чукаат на врата кога сум целата во сапуница, или да плачат кога заминувам. Задоволна сум што не се зависни од мене за секој оброк, или што не им треба помош за да заспијат. Сепак, добро би било кога би им била малку повеќе потребна. Сè би дала за една вечер со моите деца кога тие ќе сакаат и ќе им требам за разговор и квалитетно време поминато заедно.

Сакам да им бидам повеќе потребна во врска со пријателствата и љубовта, во нивните животи. Тој дел од нивниот живот е под клуч и секогаш кога се обидувам да зборувам со нив за нешто такво, тие ме гледаат како да сакаат да исчезнам. Но, јас сфаќам дека сè уште им требам на децата, иако  не го кажуваат тоа. Им требам да поставам граници, да им дадам безбедно место каде што ќе чувствуваат мир. Им требам да се грижам иако се однесуваат дека не е така. Им требам да ги заштитам и да ги потсетам дека за мене се најважните луѓе на светот. Им требам да им помогнам, иако мислат дека самите можат да се справат со сите предизвици.

Само што се работи за различен вид потреба.

Сакам да ми побараат прегратка и долг заеднички ручек. Ми недостига да бидам центарот на нивниот свет. Би се вратила назад во времето, да дочекам како некој од нив трча кон мене и ми подарува цвет.

Контрастот од периодот кога моите деца беа мали до периодот кога се тинејџери е огромен. Празнината е многу голема. Имам чувство како да сум паднала во неа и не знам што да правам со чувствата што произлегуваа од нивната потреба за мене, како да сум невидлива за своите деца.

Сакам да одгледам отпорни, самоуверени деца. Сфаќам дека децата пораснаа и деновите кога јас им мачкав крем за сончање на плажа се минато. И веќе знам дека нема да бидам еден од оние среќни родители кога децата ќе го напуштат гнездото. Но, можам да се подготвам и да го прифатам тоа.

Додека моите деца живеат дома, сакам да им требам уште малку повеќе. Ми недостига личноста што бев тогаш. Да, без изморена кога беа помали, но знаев како да бидам таков вид мајка. И искрено, ми недостига тогашната јас.

Автор: Кејти Бингам Смит

Извор



912

X