Понекогаш грижата за едноставните работи може да роди интересни идеи. Токму ова ѝ се случило на Натали Бел, мајка на аутистично девојче. Натали се фатила како размислува што би се случило со нејзината ќерка Шае ако има сообраќајна несреќа.

Фото: Natalie Bell

Тоа ја поттикнало да создаде навлаки за безбедносни појаси што би го предупредиле тој што би помогнал околу девојчето. Идејата станала вирална преку ноќ, а Бел добила илјадници барања за слични навлаки за појаси.

– Отсекогаш се прашував што би се случило ако со ќерка ми доживеам сообраќајна несреќа во автомобилот и ако не можам да им кажам на докторите дека не може да ја снимаат со МРИ затоа што има кохлеарен имплант, но сега не морам да се грижам за тоа поради овие навлаки за појаси. Навлаките можат да се направат за какви било медицински состојби и така би му помогнале на медицинскиот тим – вели Натали.


Фото: Natalie Bell

Навлаките може да се стават на појасите или на други места, на пр., ремчињата на ранците. Иако Шае е глува и нејзината навлака го покажува тоа, Натали нуди голем број навлаки за различни медицински состојби: од аутизам, дијабетес до Даунов синдром и слично.


Фото: Natalie Bell

Натали ги продава навлаките на нејзината веб-страница по цена од 15 долари.



912

X