Американската пејачка Кери Андервуд неодамна изјави дека со 35-тата година веројатно ја изгубила шансата да има големо семејство. Сепак, голем број луѓе не се согласија со нејзината изјава. Вклучувајќи ги и научниците.

Навистина се смета дека жените по 35-тата година се во поодмината возраст за мајчинство, но тоа не значи дека не можат да забременат или да се породат природно. Секако, посвојувањето е добар избор, но грешка е и неодговорност да се остават жените да мислат дека е невозможно да имаат деца по 35-тата година.

Д-р Џули Фрага, психолог од Сан Франциско, која специјализира во женско репродуктивно здравје, ја сфаќа изјавата на Андервуд, но нуди увид за тоа како реално стојат работите.

– Нормално е да се биде загрижен за бременоста подоцна во животот, но важно е да се знае дека жените на 35 години генерално гледано се здрави и може да имаат бебиња. Дури и за оние што имаат проблеми со плодноста постојат многу начини со кои може да им се помогне да имаат деца, преку ИВФ, донирање јајце-клетки или сурогат-мајка – вели Џули Фрага.

Еве што друго треба да знаете за бременоста по 35-тата година.

Забременувањето во подоцнежните години моментално е тренд

Најбрзорастечката група жени што имаат деца се жените во 40-тите години. Всушност, возраста на која жените стануваат мајки се зголемува со години наназад. Жените всушност имаат деца на подоцнежна возраст, и ова е тренд што ќе продолжи и во иднина.

Жените што имаат деца во подоцнежните години може да живеат подолго

Истражување спроведено од „Њу Ингланд Сентенариан“ открива дека жените што родиле по 40-тата година имале четири пати поголема веројатност да живеат до 100-тата година отколку жените што имале деца на помала возраст.

Станувањето родител подоцна во животот ве одржува млади

Гледањето на животот низ очите на вашето дете ве одржува млади. Овој позитивен став им помага на постарите нови родители да живеат подолго, посреќно и побезгрижен живот.

Посреќни се

Истражувањата и литературата покажуваат дека постарите родители, оние по 40-тата година, се посреќни родители.

Раѓањето во подоцнежните години може да ја направи мајката попаметна

Неодамнешно истражување спроведено на мајки на возраст од над 35 години покажува дека тие имаат корист од хормоните што ги има во телото и мозокот во текот на бременоста, зголемувајќи ги вештините за решавање на проблемите, менталното размислување и меморијата.



912

X