Ова не е една од оние приказни каде што јас како триесетгодишна се вразумив и конечно сфатив дека станав она што најмалку сакав да станам – ​​мајка ми. Сепак, ми се чини дека токму тоа се случи. Но, јас не сум баш како неа во моментов.

Мислам, сум, но не поради генетскиот код и хромозомите со нејзиниот потпис во моето тело, туку и поради фактот што и самата станав мајка. Не долго откако Дино порасна во доволно зрело бебе за да можеме да почнеме да го нарекуваме големо бебе/мало момче, и кога започна борбата со општеството (членови на потесното, поширокото и подалечното семејство, пријателите и случајните и намерни познајници), сфатив како многу споделувам со мајка ми. Да, покрај борбата за правото да го воспитувам детето по мое, да ги наречеме, правила, постои и сеприсутен страв да му биде добро, да е здрав, среќен и безбеден во секое време.

Мајка ми почина од тумор на мозокот пред десет години. Во пресрет на моите дваесетти, менував пелени, хранев друго суштество кое не можеше само да го стори тоа и се борев за нејзиното право на приватност при пресоблекување, капење…

Во пресрет на моите триесетти, повторно менував пелени, хранев друго суштество кое сè уште не можеше само да го направи тоа и се борев за неговото право да биде сфатено како суштество слично на секој од нас. Ги дочекав моите дваесетти со збогување со мајка ми, најважното суштество во животот на секој човек, а триесеттите ги поздравив во улогата на мајка, најважното суштество во животот на секој човек.

Јас сум дел од армијата чии членови одговараат на зборот „мама“

Мајка ми никогаш не го напушти овој свет во целост, и кога ми беше дадена честа да бидам дел од армијата чии членови одговараат на зборот „мама“, таа е поприсутна од кога било досега и таму сфатив колку таа и јас споделуваме: таа, јас и сите мајки на овој свет.

Кога растевме, секогаш ми беа смешни нејзините изливи на гнев предизвикани од отпорот на брат ми на нејзините предупредувања, молби… Колку посилно врескаше, толку посилна беше неговата насмевка на мал криминалец фатен на дело. Кога ќе ни кажеше дека има очи на грбот, поради што гледа сѐ што правиме или дека за своите деца се претвора во лавица кога треба да ги заштити, мислев дека се преправа за тоа да биде важно и често ми одеше на нерви, а најчеста реакција беше превртување со очите, се разбира, зад грб, што таа некако успеваше да го забележи (претпоставувам со тој пар органи на визија што ја имала некаде на задниот дел од главата).

Сакав инстантно решение за моите проблеми, мојот пубертетот, од мајка ми, а таа ми филозофираше за некаква посебност и време што допрва треба да дојде. Сега сфаќам дека не ме тешеше со празни зборови. Сега, одвреме-навреме, на своја кожа чувствувам како се чувствуваше таа кога мојот помал брат ѝ се смееше в лице на секое нејзино предупредување.

Сфатив дека навлекувањето на костимот лавица кога требаше да нѐ брани не беше израз на самопофалба без покритие. Сега разбирам дека лавиците навистина постојат, дека тие не се ликови од бајка или цртан филм, дека тие навистина постојат и ја сочинуваат најсилната, најхрабрата војска на светот. Јас и мајка ми сме слични во тоа и јас сум навистина горда на таа еднаквост. Тоа е, всушност, она што ги поврзува сите мајки на овој свет и поради тоа можам слободно да кажам дека сите мајки на светот се слични една на друга во најважните работи за животот на детето.

Посакувам да можев да се вратам во времето и да одвојам доволно време во моите тинејџерски денови за навистина да слушам што се обидуваше да ми каже кога зборуваше за очите кои ги има на грбот, за мајките лавици. Посакувам да знаев што значи тоа тогаш, но претпоставувам дека не беше време да сфатам што навистина стои зад кажаното. Секогаш ќе ѝ бидам благодарна за нејзините искуства и совети како да се справувам со разни ситуации, кои ми ги пренесуваше директно, ненаметливо и без предупредување уште тогаш. Таа ме подготвуваше, мала и несвесна за големиот свет, за она што ме чека во иднината.

За мајка ми уште велат дека била жена-змеј за семејството и децата, а јас можам да се надевам дека ќе продолжам да ги препознавам нејзините зборови од детството и во нив да се пронајдам како мајка која го сака најдоброто за своите деца.

Денес го правам истото како неа. На помалиот брат му пречеа нејзините изливи на нежност на јавни места, како што се поправање на косата, бришење дамки од храна од лицето и берење трошки од облеката. Тогаш бев на негова страна, а денес го разбирам тоа. Денес го правам истото – го сакам син ми како што може само мајка да сака – го сакам во јавност со став на лавица, со очите на грбот, на тилот… Од нејзиниот однос кон моите браќа и сестри научив да му враќам со иста мера на син ми – насмевка за насмевка дури и тогаш кога ќе помислам дека би било поедноставно да излезам од сопствената кожа.

Ако знаеме да ја препознаеме вистинската улога на себеси како родители на овој свет, тогаш сите ние што го сфативме ова ќе го споделиме најважното – генот за љубов што нè претвора во ѕверови во намерата да им го обезбедиме на децата само најдоброто, најбезбедното.

И по тоа сум иста како неа, како мојата мајка, и тоа е најубавиот жив спомен од неа.

Автор: Снежана Клариќ

Извор



912

X