Воспитување

На моето дете му е дозволено да пцуе колку што сака. Знаете ли зошто?

Сите сме посведочиле во одреден момент кога некоја лута мајка се заканува дека ќе ја измие устата на своето дете со сапун, бидејќи тоа кажало некоја пцовка или безобразен збор. Јавно засрамениот родител кој бара од своето дете да го замени кажаниот безобразен збор. Исплашената мајка која нејзиното дете ќе каже пцовка и таа реагира како детето да извлекло нож и се обидело да го прободе семејното куче. Родителството е најголем предизвик сам по себе – па дали и ова е навистина потребно?

Многу пријатели и членови на семејството се изненадени со оваа тема во мојот дом, бидејќи пцуењето не значи и строги последици или казнување на нашето дете. Таа е слободна да пцуе колку што има потреба без казнување или корекција.

Како професионалец за едукација, имам тенденција да го исфрлам пцуењето од моите навики.

Мојот сопруг, сепак, има навистина „различен“ вокабулар. Тој постојано кажува пцовки, а неговата дневна навика за пцуење е длабоко вкоренета во нега, па никогаш не се мачел да ја прилагоди кога веќе има дете. Природно е што нашата ќерка „собрала“ неколку од тие зборови. Како родители, ние сме во ред со тоа. Не затоа што имаме некоја чудна забава кога ќерката пцуе, но како родители кои веруваат дека даваат се од себе да го моделираат посакуваното однесување кое се очекува и од децата, па би било лицемерно да се каже дека го држиме нашето дете до стандард до кој ниту ние возрасните не се придржуваме.

Во нашиот дом, нема такво нешто како „возрасни зборови“ – има само зборови.

Според книгата од Ема Брн, „Пцуењето е добро за вас: Неверојатната наука позади лошите зборови“, пцуењето е нормален и здрав дел од нашето изразување. Кога дозволуваме детето да пцуе без казнување, нашата ќерка ја сфаќа вредноста на самиот збор што го кажала, како и чувството кое го има секој кога ќе изговори таков збор. Но, ова либерално и можеби контроверзно приспитување кое го имаме ние, не е насочено само кон само-изразувањето. Поважно, тоа е можност да ја научиме ќерка ни дека нејзините зборови имаат моќ, надвор од вообичаените фрази „благодарам“ и „ве молам“. Таа разбира дека иако пцовките се прифатливи во нашиот дом, сепак може да не се соодветни или добро толерирани во други ситуации и средини.

Таа учи за овие зборови дома од своите родители наместо од врсниците на училиште

Да бидеме реални. Многу деца започнуваат да експериментираат со пцовки, најчесто додека се во основно образование. Често тоа е придружено и од недостиг на разбирање на значењето на тие зборови и нивната цел. Преку отстранување на срамот кој се појавува околу пцуењето, децата ќе бидат подобро „опремени“ за да направат разлики помеѓу зборовите кои се користат како здрав начин за изразување и зборовите кои се користат за навреда или деградирање.

Кога нашата ќерка ќе се сретне неизбежно со зборови кои се навистина неприфатливи, на пример, расистички или деградирачки термини, ние сме мирни бидејќи знаеме дека нејзиното знаење за влијанието на зборовите ќе и помогне да разбере повеќе за ефектот на таквите зборови. На тој начин нејзината социјална острина ќе продолжи да се зајакнува преку свесност и разбирање.

Американскиот народен јазик се менува

Зборовите кои некогаш се сметале за екстремно навредливи сега веќе не се. Често и јавните личности користат такви зборови, па дури и поранешниот претседател Барак Обама, изјави дека регуларно користи пцовки за да го изрази својот револт.

Често ме прашуваат дали сум загрижена оти ќерка ми може да пцуе во јавност

Одговорот е…не. Безопасните пцовки постојат и се дел од нашиот јазик. Модерните времиња се преполни со пцовки, кои се уште се гледаат како одраз на нечие родителство. Дете кое јавно пцуе е гест на кој се гледа како на недобредојдена ситуација, начин на кој се размислува дека родителите исто така ги користат тие зборови како и децата. Тоа е извор на непотребен срам. Во свет каде што мајките може да бидат засрамени практично од било која причина, да не дозволиме повременото пцуење на нашите деца, да биде една од нив.

Автор: Алиса Кинг Петерс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top