Кога детето покажува лутина или нервоза, пред сè, она што треба да се избегнува е посветувањето премногу внимание на таквото однесување, доколку тоа е нереално барање од детето или потреба на која не можеме да одговориме во дадениот момент.
Што всушност значи тоа?
Чекорите што треба да се следат се следните:
-Почитувајте ја емоцијата што детето ја чувствува (ја демонстрира) и вербализирајте ја. Ако е лутина, кажете: „Гледам/разбирам/сфаќам дека си лут/а, дека тоа те лути итн.“
-Ако не ни е јасно зошто детето се однесува така, поставете му го прашањето: „Зошто си лут/а“?
-Ако детето е расположено да ни каже, спокојно разговарајте за ситуацијата, објаснете зошто сега не можете да го направите тоа што го бара или воопшто не е можно, а потоа дајте му алтернатива и одложете го задоволувањето на потребата за друг момент (кога ќе се создадат услови за исполнување).
-Доколку фрустрацијата на детето е превисока и не е возможно да се зборува конструктивно во тој момент, дајте му простор велејќи му: „Во ред, гледам дека сега си премногу лут/а за да зборуваш за тоа, ќе разговараме кога ќе се смириш“. И оддалечете се од детето.

И уште нешто, има деца кои не можат да ги вербализираат своите емоции, дури и кога мирно ќе ги прашате зошто се лути. Тогаш не е лошо ако родителот се обиде да го направи тоа наместо детето („лут/а ли си затоа што не можеш да ја понесеш играчката со себе надвор?“). Детето обично ќе сака да соработува во оваа ситуација бидејќи гледа дека родителот се обидува да го разбере.
Автор: Јелена Ивановиќ/специјален педагог, дефектолог