Бајките се одлична алатка за да му помогнете на детето да развие здрав концепт за „комплексната реалност“. Но, на што се мисли конкретно? Зошто е тоа важно:

Со „комплексната реалност“ во психологијата се мисли дека светот, средините, луѓето и случките постојано се менуваат и се сочинети од бесконечна серија на причини. Никој и ништо не е црно-бело.

Балансирано дете е способно да ја прочита и да се справи со комплексноста на реалноста на природен начин, однесувајќи се различно во зависност од контекстот на она што е пред него: препознава дека има различни средини, луѓе, моменти и настани, сите со свои специфични карактеристики и потреби, базирано на она што е пред него – го приспособува своето однесување на динамичен и флексибилен начин, знае да најде повеќе ефективни решенија на проблемите бидејќи се осврнува на различни аспекти, способно е полесно да се поврзе бидејќи го разбира гледиштето на другите, дури и кога е различно од неговото.

Како можеме да ги искористиме бајките за развој на овие вештини?

Бајките и детските приказни, генерално, имаат карактеристики на предлагање поедноставени случки со почит кон реалноста и обично имаат добро карактеризирани ликови. Тоа ни дозволува полесно да му го предочиме на детето причина-ефектот – односот помеѓу настаните, но исто така и мислите, емоциите, надежите, мислењата и делата на протагонистите.

Бајките, исто така, се одлична алатка за збогатување на речникот и за подобрување на вештините за раскажување на децата. Како што д-р Никола Томба објаснува: „Кога индивидуата може да поврзе епизода на реален начин, со големо осврнување на детали, да ги каже фактите по соодветен редослед и да ги објасни мислите и емоциите што ги чувствува, но и на другите, таа ги процесира искуствата не со длабоки центри во умот, оние што реагираат, што прават да не се однесуваме инстинктивно и се одговорни за ирационални однесување, туку со церебралниот кортекс, кој е еволуиран дел од мозокот, па ни дозволува добра анализа на реалноста и прави да се однесуваме на здрав и балансиран начин“.

Уште од претшколска возраст децата може да ја вежбаат својата способност за раскажување приказни, но исто така да ја развиваат и својата фантазија и градациски од бајки и фантастични светови да почнат да зборуваат и за себе, што им се случило дента или што се случува во нивните внатрешни светови. Можеме да му помогнеме на нашето дете да стане посвесно за комплексноста и динамиката на реалноста и да му помогнеме да изгради поголем баланс од когнитивно, психолошко и бихевиорално гледиште.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X