Младата мајка блогерка Ана Владушиќ, пишувајќи за своето искуство во одгледувањето три деца, но и за кариерата, им покажува на другите мајки дека не се сами во борбата со секојдневните животни обврски. Таа и нејзиниот сопруг Папи (инаку Аргентинец), како што често го нарекува во своите текстови, неодамна го добија синот Франко.
Франко одлучи дека мама повеќе нема да спие. Сите веќе знаеме дека на поголемите деца доаѓањето на бебето им е малку незгодна ситуација зашто чувствуваат дека целото внимание на родителите се пренасочува на доаѓањето на приновата, но Ана вели дека реакциите на нејзините ќерки Антеа и Мила се сосема позитивни. Двете реагираа навистина одлично, иако мора да признам дека се трудевме да ги подготвиме во текот на мојата бременост.

-Очекувавме Мила, како средно дете и наша „драма квин“, да има бурни реакции, но сепак се ѝ дојде некако природно и всушност е многу внимателна и грижлива – вели Ана.

Бебињата на почетокот се немирни ноќе и знаат лесно да се будат, па некои родители едвај фаќаат сон, додека другите ја имаат таа среќа бебето да им спие цела ноќ. По девојките, кои речиси од раѓање спиеја по цела ноќ во свое креветче, морам да признам дека спиењето и будењето на Франко на секои два часа ми беше голем шок! Тој едноставно е од оние деца што од старт одлучиле да не ја преспијат ноќта без прекини, а камоли во своето креветче.
Што се однесува до моето спиење, ќе ви кажам само дека животот ми е како бајка. Бајка во која јас се будам како вештерка, а мојот сопруг спие како Трнорушка, раскажува Ана.

Кога сме веќе кај бајките, не интересираше дали успева тактиката на раскажување приказни за добра ноќ или сепак мора да се посегне по други методи: Антеа е веќе голема па, како и на секое дете во мини-пубертет, родителите ѝ се многу здодевни и не треба да ѝ читаме приказни, на Мила ѝ ги читаме „Најубавите бајки“, додека Франко заспива со мене во кревет. Во текот на недисциплинираните денови во нашата мала војска сите тројца легнуваат во нашиот кревет, па девојките глумат дека спијат за и Франко да заспие. Најчесто сонот ќе ги прелаже, па ги префрламе едно по едно зад „непријателските линии“. Освен што често се будат во текот на ноќта, многу деца на рана возраст не можат да спијат поради проблеми со атописки дерматитис, а со тоа се Ла фамилија на хрватски начин.

Децата што доаѓаат од семејства во кои мама и тато имаат различен мајчин јазик често успеваат да ги научат двата, а слична е ситуацијата и во домот на Ана.

-Иако препораката од педијатрите е секој родител да зборува на својот мајчин јазик, тоа во практика е многу тешко. Најчесто завршува со некоја мешавина од двата јазика и внесува забуна и меѓусебно неразбирање, така што дома зборуваме шпански – вели Ана.

-Антеа ги зборува двата јазика совршено, а Мила ни еден. Се шегувам, зборува хрватски, а шпанскиот го одбива- вели Ана и додава дека таа и нејзиниот сопруг не инсистираат на учењето на јазиците зашто, како и се друго, тоа треба да дојде природно.

Иако Хрватска и Аргентина се многу оддалечени, Ана вели дека разликите во одгледувањето на децата меѓу двете земји се многу мали.

-Не би рекла дека постојат преголеми разлики во одгледувањето. Тие се многу друштвен народ, многу ориентирани кон децата и семејството и општо многу повеќе се дружат фамилијарно. Се на се, нема големи разлики, а ние за своето семејство го одбравме од двете култури она што најмногу ни одговара – објаснува.
Бидејќи, покрај сопругот и трите деца, Ана се грижи и за својата кариера, ни објасни како успева да ги усогласи приватниот и професионалниот живот.
– За сега сум на породилно отсуство, но имам среќа со оглед на тоа дека се занимавам со социјален и дигитален маркетинг, па повеќето работи можам да ги завршам од дома, вели Ана и им порачува на другите мајки и на оние што допрва ќе станат да се слушаат себеси: „Сè се може, ние жените сè издржуваме, не запустувајте се и уживајте, ништо не е неодложно!



912

X