„Се надевам дека сум им ги дала потребните вештини за да ја отфрлат негативноста. Ова е сведочење на неправедноста што им е нанесена на моите деца, а тоа ми дава мотивација да продолжам да се борам против тоа. Задачата е голема, а јас сум благодарна што сум опкружена од толку моќен, различен и уникатен тим“

Кетрин Пирбум вели дека нејзините синови Оливер (7), Џошуа (6) и Тајлер (4) имаат аутизам, па тоа што не се изразуваат вербално им паѓа екстремно тешко. Мајката објаснила дека луѓето „не ја разбираат“ состојбата на нејзините деца. Таа објаснува дека доволно лошо за нејзините синови е што често се исклучени од роденденските забави, но изјавила дека е уште полошо што никој не се појавува на нивните.

– Децата често не ги разбираат доволно посебните потреби на некои деца и тоа е чудно за нив, а тоа е зачудувачко. Ја уништува душата. Многу луѓе не ни сфаќаат дека некое лице може да има аутизам – само даваат етикета „чуден“. Ако луѓето знаеја повеќе за аутизмот, можеби ќе вложеа поголем напор да разберат зошто некој се однесува различно. Само кога ќе помислам дека малку ни се кренала свеста за аутизмот и прифаќањето, се случува инцидент во јавноста кој поттикнува голема емоционална реакција – вели мајката Кетрин.

Очајната мајка вели дека и едноставна работа како потстрижување на косата е константа борба за неа и нејзините синови, а сето тоа е така бидејќи тие имаат нарушување на сензорните процеси, па сè што е поврзано со коса е голем предизвик.

Таа објаснува: „За чешлањето и миењето на косата беа потребни неколку години постепено охрабрување и јас истражував сè и сешто, вклучително и барање совети од други родители и пребарување на Гугл. Момчињата нè водеа и ни покажуваа што е она што им е пријатно, но некогаш сето тоа беше преголем залак за справување, меѓутоа, косата едноставно треба да се измие. И Џошуа и Тајлер поминаа долг пат додека се навикнаа на кратење на косата, бидејќи постојано беа преплашени од таа активност“.

фотоизвор: Кетрин Пирбум

„Изненадена сум што соседите досега не викнаа полиција бидејќи според звуците што ги испуштаат сигурно звучи како да ги малтретирам!“, додава мајката. За справувањето на фризер, Кетрин се сеќава: „5 минути сме внатре и сè оди добро. Потоа, одненадеж, детето не се справува добро со преголемиот сензорен товар. Почнува да вреска и да плаче, а ние сакаме да го утешиме. Изгледувам од салонот тешејќи го синот, велејќи му дека е храбар и дека сè е готово, а гласен коментар од постар господин и неговата сопруга, кои седат во соседството во едно кафуле, звучи вака – Морав да го слушам тоа цело време! – Неговата сопруга ме гледа со насмевка на лицето. Бев лута и вознемирена“.

Кетрин објаснува дека се обидува да остане смирена како што одат кон автомобилот, и покрај коментарите кои продолжуваат. Но не можејќи да издржи, им вели: „Тој е дете! Аутистичен е! Какво е чувството да задевате невино дете?“

„Не им беше грижа, немаше никаква емпатија. Влегов во автомобилот и почнав да плачам. Дискриминацијата е секогаш присутна за моите синови. Влезена е во секој оддел од нивниот живот. Одбивање од училишта, спортски активности, забави, сурови погледи, ужасни коментари, луѓе кои покажуваат со прст и се смеат, а тоа ми предизвикува болка во стомакот“.

фотоизвор: Кетрин Пирбум

Бидејќи нејзините синови сè уште се млади, мајката вели дека не се свесни колку се сурови луѓето кон нив, но знае дека еден ден ќе го забележат тоа. Таа додава: „Се надевам дека сум им ги дала потребните вештини за да ја отфрлат негативноста. Ова е сведочење на неправедноста што им е нанесена на моите деца, а тоа ми дава мотивација да продолжам да се борам против тоа. Задачата е голема, а јас сум благодарна што сум опкружена од толку моќен, различен и уникатен тим“.

Автор: Карли Бас

Извор



912

X