Консултантот за лактација Марко Обрадовиќ ги отфрла митовите за доењето поради кои многу мајки се откажуваат од самиот чин. Прв на листата е најчестиот и најштетниот – „Немам млеко. Морам да му дадам на бебето дополнителна храна“.

Друга, исто така честа заблуда е дека мајчиното млеко може да биде слабо.

– Навистина не знам на која основа некое млеко може да се нарече слабо. Но, знам дека нема официјална и прифатена категоризација на јачината на мајчиното млеко. Иако ова ми изгледа апсурдно, сепак, има луѓе кои и покрај степенот на образование, веруваат во ова тврдење. Најчесто оваа „дијагноза“ се поставува поради честото цицање и краткото спиење“ – објаснува Марко Обрадовиќ и додава:

„За среќа, зачестеноста на цицањето нема врска со јачината на млекото, ниту со гладот, бидејќи бебињата не цицаат само за да јадат. Некои бебиња не поднесуваат премногу одвојување и сакаат блискост преку чести подои. Што се однесува до спиењето, тоа е времето кое телото го користи за закрепнување и одмор. Некои бебиња спијат неколку пати во редовни интервали, додека некои спијат повремено пократки периоди и еднаш подолго“.

– Друга причина зошто сè уште има лица кои веруваат во теоријата на слабото млеко е неговата боја и густина. Но, тоа се менува за време на самата лактација. Првото млеко што го испуштате е „поводеникаво“ од млекото што бебето го вади во подоцнежните фази на лактација. Но, тоа не значи дека мајката има слабо млеко, туку дека бебето треба добро да ги испразни градите пред да му понудат друго – објаснува Обрадовиќ.

Извор



912

X