Секогаш можете да најдете време за оваа вечерна рутина, освен што е прекрасна, многу е важна за правилниот развој на вашето дете. Еве за што се работи.
Повеќето денешни родители растеле со приспивни песни, но оваа вечерна рутина повеќе не ја практикуваат со своите деца.
Можеби вашите родители не ве успивале на тој начин, па веројатно ова не ви изгледа како проблем, но постојат неколку причини за кои треба да размислете и оваа вечер на вашето дете да му испеете некоја приспивна песна.

Во списанието „Психолоџи оф мјузик“ е објавена анкета во која само една третина од родителите изјавиле дека им пеат приспивни песни на своите деца.
Истражувањето исто така покажало дека приближно 70 проценти од родителите што ги заспиваат децата на овој начин се постари од 45 години, што покажува дека оваа вечерна рутина е непопуларна кај помладите родители иако не е јасно зошто е тоа така.

Приспивните песни имаат своја цел. Утврдено е дека им помагаат на децата бидејќи можат да ја ублажат болката и да им ги смират отчукувањата на срцето, се вели во „Медикал дејли“.

– Илјадници години родителите ги успивале децата со приспивни песни. Инстинктивно знаеле дека на тој начин децата се релаксираат – објаснува музичкиот експерт Ник Пикет.

Музиката ви помага да се забавувате, но и да се чувствувате подобро, истото важи и за приспивните песни.

– Музиката е важна за менталниот и емоционалниот развој. Преку музиката родителите уште повеќе се поврзуваат со детето – вели Лаура Џејн-Фоли во името на организацијата „Лулаби траст“.

Ако не знаете ниту една приспивна песна, повеќето од нив можете да ги најдете на интернет, а на детето можете да му пеете и некоја нежна песна што ви е омилена.

 



912

X