Кога сме во стресна состојба, на пример, закана ни „виси над глава“, ни се потсмеваат или ни предизвикуваат физичка болка – во крвта се ослободува група на таканаречени глукокортикоидни хормони. Тоа се „хормоните на стрес“ кои се одговорни за одговорот „удри или трчај“ на напад. Овој процес е доста сложен и влијае врз телото долго време. Затоа овие хормони не се ослободуваат во крвта кај децата во присуство на родителите (особено мајките). Така, природата го штити телото на детето во развој, од дополнителен стрес.
Ако самиот родител стане извор на стрес, тогаш детето нема да го сфати тоа насилство како опасност. Со други зборови, нема стрес, за него е „нормално“, сѐ е во ред, ТАКА МОРА ДА БИДЕ бидејќи тоа доаѓа од неговите родители. Што мислите, каква личност ќе порасне вашето дете кое уште од мали нозе верува дека насилството и агресијата се нормални? И што ќе се случи ако детето дојде во контакт со реална закана од возрасен?
Ќе одговорам од психолошка, а не од физиолошка гледна точка. Постојат две сценарија: детето ќе стане агресор или жртва.
Да се тепа дете значи да се скрши неговата верба во животот.
Ве молиме најдете сила во себе и сфатете колку е погрешно да ги тепате децата! Можно е и вие самите да сте биле тепани во вашето детство и веројатно сѐ уште се сеќавате на тие тепања како најболните работи во вашето детство. Пријатели, ова е многу сериозна и многу важна тема. Искрено се надевам дека разбирате за што зборувам.
Автор: Михаил Лабковски