Воспитување

Ми недостигаш да ми кажеш: „Ќерко, горд сум на тебе“

Ми недостигаш
Секој ден сè повеќе и повеќе
Да ми ги пружиш рацете, да ми го ветиш целиот свет и еден голем дворец
Па дури и да го прекршиш ветувањето, не би се лутела.

Мојот цел свет беше времето што го поминуваше со мене
Дворецот не ми требаше покрај тебе бидејќи тогаш имав сè – додека ме држеше за рака.

Како мало девојче, верував дека ти си мојот принц, а јас твоја принцеза.
Верував во бајки додека не ги разнесоа на парчиња и со тоа те однесоа тебе засекогаш.

Недостигаш
За неа и остварувањето на нејзините соништа
Игра и смеа, љубов и сила.

За сè што поминавме откако те нема.
И оние денови кои допрва се пред нас.

За секое извини и благодарам што требаше повеќе да си ги кажуваме еден на друг.
Прегратки кои ја оздравуваат душата.
И јас да ја потпрам главата на твоето рамо и да ти кажам: „Те сакам тато“.
За секоја роза и свеќа
Солзите што не ги брише никој.

Ми недостигаш
Да ми кажеш: „Ќерко, горд сум на тебе“.
Главата горе, лошото секогаш поминува, доброто срце привлекува добри работи и добри луѓе.

Те сакам.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top