Кинеска медицинска сестра во болница каде што се третира коронавирусот ја прегрнува од далечина својата ќерка.
– Мамо – вели девојчето плачејќи.
– Биди добра – ѝ вели нејзината мајка.
– Мамо, ми недостигаш.
– Мама се бори со чудовишта. Ќе се вратам дома откако вирусот ќе биде победен – ја теши нејзината мајка.
Лиу Хајан може да ја прегрне ќерка си само оддалеку за да ја охрабри. Ним не им е дозволен директен контакт, така што девојчето го остава на земја јадењето за мајка си.
– Ќе се вратам кога ќе победиме во битката – ѝ вели мајката на својата ќерка.
912