Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на Институтот за јавно здравје во делот за извештаи за состојбата со коронавирусот во земјата, може да се следи и состојбата на дијагностицирани пациенти по општини, вклучително и општините на територијата на градот Скопје.

Мапите со заболени лица по општини и градови во Македонија се заклучно со 26 март кога се пријавени вкупно 219 заразени со коронавирус.

Во Скопје заболени има во 10 општини, а најголем број се регистрирани во Карпош – 27 лица, Гази Баба- 20, Кисела Вода -20, Центар- 20.
Од Институтот информираат дека 11 лица се од друг град, а живеат во Скопје. Од нив, во Ѓорче Петров се 11, 8 во Аеродром, 7 во Сопиште, 4 во Бутел, 3 во Чаир, двајца во Илинден и еден е странец. Најголем дел од заболените во Македонија се на возраст од 30 до 39 години.



912

X