Мамо, ова писмо е за тебе, ти која си мојата карпа, мојата светлина и темел, мојата фиксна точна во светот. Имам толку многу работи што сакам да ти ги кажам и да бев композитор, можеби, ќе ја напишев за тебе најубавата љубовна песна на сите времиња, но денес ти пишувам бидејќи треба да направиш нешто за мене.

Мал напор кој се додава на сите твои жртви и посветувања, ти – која ден за ден се соочуваше со животот со единствена цел, а тоа е да се грижиш за мене и целото наше семејство. Но, мамо, денес морам да побарам од тебе да ме пуштиш, само малку, за да пораснам, за да направам грешки, па дури и да паднам.

Сфатив со текот на времето дека твоја најголема задача е секогаш да ме заштитуваш, но тоа на значи да живеам во стаклено ѕвоно. Морам да направам грешки, да паднам и да останат лузни на моите колена, бидејќи тоа е единствениот начин на кој ќе научам дека можам да бидам повредена. А потоа ќе бидам повнимателна, ќе си го сочувам штитот наспроти разочарувањата во животот, дури и ако се неизбежни. Веројатно повторно ќе паднам, но ветувам дека ќе бидам повнимателна. И ако ме видиш дека плачам, дури и ако ти се крши срцето, остави ме.

Не избрзувај да ми ги избришеш солзите, морам да ја почувствувам болката во моите гради кога некој ќе ми го скрши срцето, морам да научам да се справувам со тежината на предавството и разочарувањето бидејќи тоа е единствениот начин на кој ќе станам силна и храбра жена, како што си ти. И навистина сакам да бидам како тебе, мамо, не сакам животните пречки да ме совладаат, не сакам да бидам слаба или исплашена од нив, напротив – сакам да сакам и да живеам, сакам секогаш да бидеш горда на мене и на сите грешки што ќе ги направам, истите грешки што ќе ми дозволат да бидам подобра жена.

Мамо, верувај ми, дури и ако не се согласуваш со моите избори, јас учам да живеам, а можам да го направам тоа само ако ми ја пуштиш раката. Те уверувам, ова нема да те направи лоша мајка, напротив – тоа ќе биде најголемиот и најхрабар потег што можеш да го направиш за мене.

Остави ме да живеам и да правам грешки, на мој начин, иако изборите што ќе ги направам нема да бидат добри – јас, сепак, морам да смислам што сакам да станам.

Но, во сето ова, никогаш не оставај ме, секогаш биди блиску до мене бидејќи ова е мојот свет, но сакам ти да бидеш дел од него, засекогаш.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X