Мамо, направи да бидам сигурен дека секогаш можам да ти се обратам и дека во твоите зборови и љубов секогаш ќе пронајдам мир. Така ќе растам и ќе можам да верувам.

Мамо, кажувај ми често дека сакаш да зборуваш со мене. Така ќе растам знаејќи дека сум интересен. Мамо, зборувај ми за чувства. Така ќе пораснам разбирајќи се себеси, знаејќи дека некои чудни чувства не нè прават чудни.

Мамо, не забранувај ми да плачам, да се лутам и на цел глас да се радувам. И самата покажи чувства, признај ги своите грешки. Така ќе пораснам не плашејќи се да го кажам она што го чувствувам и знаејќи дека грешките не значат дека не сум добар.

Мамо, забележи што ми се случува. Така ќе растам знаејќи дека сум важен и ќе бидам способен да ги ценам своите и туѓите чувства. Мамо, поддржи ме кога ќе згрешам, кога нема да успеам. Наместо да ме казнуваш, покажи ми како да ги поправам работите. Така ќе растам и ќе умеам да ги поправам грешките, а не само поради нив да страдам.

Мамо, дозволи ми да не го сакам она што го сакаш ти. Не го сакам она што го сакаш ти. Дозволи ми да не бидам таков каков што си замислила дека ќе бидам. Така ќе растам и ќе знам дека треба да се следам себеси и својот пат, а не оној што другите ќе ми го зацртаат.

Мамо, дозволи ми да те демантирам, да не се согласувам со тебе, да кажам „не“. Така ќе пораснам знаејќи дека имам право на тоа!

Мамо, не брзај ме да пораснам, остави ме да бидам дете. Пушти ме да бидам слаб, мал, исплашен. Звучи нелогично, но ако на тоа имам право, кога ќе пораснам, ќе станам самостоен и силен.
Мамо, биди со мене додека сум дете. И прегрнувај ме, што почесто те молам.

Автор: Александра Грин

Извор



912

X