Мало девојче пораснало верувајќи дека мора да биде послушно за да биде сакано.

Еве што се случи.

Иако никогаш директно не ѝ кажале, родителите со своето расположение и постапки ѝ покажале дека да се биде послушен, значи да се вклопи во сите правила што тие ги поставиле, да биде покорна дури и кога ѝ се чини дека тоа воопшто не е фер и дека нема никаква смисла.

Родителите кажуваа и точка.

– Затоа што јас реков така – беше реченица што ја слушаше многу пати. За да не ѝ кажат дека е разгалена, безобразна и непослушна, ќе послуша и кога барањата се збунувачки, нелогични за неа, нималку пријатни.

Кога би ги следела правилата што ѝ биле поставени и би ги сокривала тагата и гневот, родителите би ја опсипувале со љубов.

– Нашето прекрасно девојче! Секогаш ги слуша мама и тато!

А кога таа не сакаше да ги слуша? Па, би следело такво болно игнорирање. Ќе се преправаа дека не ја забележуваат. Или би ја казнувале. Игнорирањето беше премногу болно. Во тие моменти би била сама со чувството дека не е достојна за родителска љубов.

И за да го избегне тоа страшно чувство, таа стануваше сѐ попослушна. Без разлика на своите чувства. И сѐ почесто ѝ кажуваа колку е добра девојка. И сите ги фалеа нејзините родители што имаат толку добро дете.

Поминаа години, а таа се трудеше да не ги разочара родителите. Да се ​​оправда таа „титула“ на добро дете што секој родител би ја посакал. Но, тоа имаше своја цена. И таа цена беше да се изгуби себеси. Покорност дури и кога сметаше дека не е во ред.

Таа порасна и се омажи. А во бракот се чувствуваше изгубена и осамена. Како родител беше исцрпена и огорчена. На работа, и меѓу колегите чувствуваше дека сите ја искористуваат. Но, таа не можеше да го крене гласот. Таа молчеше.

Се задушуваше во самопрекор, не знаеше никому да постави граници, се чувствуваше празно. Таа повеќе не можеше да се труди да ја оправда својата репутација на „добра и послушна девојка“. Кога препозна дека го достигна работ на своите можности и дека повеќе не сака да биде добра со сите освен со себе, дури тогаш започна „заздравувањето“.

Со години нè учат дека децата мора да ги слушаат своите родители. Додека се уште мали, дури и непознати им го поставуваат тоа прашање: „Дали ги слушаш мама и тато“. Ако ги слушаш, ти си добро дете. Ако не ги слушаш – не си. Толку е едноставно.

Родителите што го имаат тоа дете кое несомнено и секогаш се покорува се пофалени за нивните родителски вештини.

Но, ако послушноста е нашата крајна цел, дали сме се запрашале која е цената за постигнување на таа цел?

Која е вашата најважна цел во воспитувањето на децата?

Извор



912

X