Денот кога ќе ја изгубите вашата мајка, ќе биде најлошиот и најтажниот ден во вашиот живот. Кога таа ќе замине, сè ќе се промени засекогаш. Ќе почнете да чувствувате нешто што не сте ни знаеле дека постои. Ќе размислувате за нешто што никогаш не ви паднало на ум. Ќе се изненадите од она што дотогаш не сте го забележувале. Тоа ќе биде нешто сосема ново и ќе ви го скрши срцето.

Без разлика колку години имате, ќе почувствувате дека на оваа Земја ѝ недостига вашата мајка. Ќе сфатите колку таа ви била важна и драга. Колку сте ја сакале, како сте го земале нејзиното присуство и љубов здраво за готово. И само кога ќе ја изгубите најмилата личност, една мисла буквално ве парализира: „Каде е таа сега, во кој свет?“

Ќе ви кажам каде е: со вас! Иако изгледа неверојатно, но мајката е секогаш со вас. Таа засекогаш останува вашиот ангел чувар кој никогаш не ве остава и не ве заборава. Невозможно е да се верува во тоа, но можете да се заколнете дека сè уште го чувствувате мирисот на неа, нејзиното присуство.

Нема да можете да ја допрете, да ја повикате, но таа секогаш ќе биде покрај вас. Понекогаш вашето срце само ќе ги пее зборовите на вистинската среќа и ќе кажете „мамо“ иако неа одамна ја нема.

Со денови, месеци и години ќе се прашувате дали знаела колку сте ја сакале, колку ви недостига, колку ви значи… Секој ден ќе ве мачи вината што не сте ѝ кажувале дека ја сакате повеќе и почесто, што не сте поминале повеќе време со неа, што немате повеќе заедничко време за вас…

Минутите ќе минуваат како денови. Деновите како години. Времето ќе застане, заробено во мачна болка. Затоа што токму тоа се случува кога најскапоцената личност на светот ќе ги напушти нашите животи – нашата мајка….

Ќе ви недостигаат нејзините повици, бојата на гласот, насмевката, допирот… А прашањата ќе се појавуваат и ќе ве измачуваат со својата тежина:

-Дали ѝ недостигам?

-Дали ми кажа сè што сакаше?

-Дали разговаравме за сè што беше важно и значајно?

Времето не ги лекува тие рани. А знаете ли зошто? Затоа што сеќавањето на мајката никогаш не згаснува. Тогаш ќе сфатите дека мајка ви е секогаш со вас. Таа секогаш ќе ве сака. Секогаш ќе биде таму, бидејќи вашите души се споени засекогаш. Тоа е завет посилен од смртта. Таа љубов е самиот живот.

„Мамо, ти благодарам што си со мене. Те молам остани што подолго“.

Автор: Нада Шакиќ

Извор



912

X