Четири дена мама беше кај нас.
Се скаравме минимум 43 пати.
Во неколку наврати се спремав да одам до аптека да земам нешто за смирување, не на растителна база.
Повеќепати дури и помислив дека сите би поверувале дека паднала од терасата.
По којзнае кој пат ѝ кажав дека нешто ме нервира, а таа повторно ќе го направеше токму тоа.
Ми ја испреврти половината кујна, а и бањата.
На терасата имам целосно поинаков распоред.
Четири дена си играше, шеташе, спиеше со мојот син, додека јас бев на работа.
Секогаш ме дочекуваше ручек, на лажица.

Ги миеше садовите по секој оброк, освен кога јас по дваесет и седми пат се налутив, па не ѝ дозволив.
Не го бришеше правот бидејќи знае дека ќе полудам ако не ги врати фигуричките на своето (моето) место.
Ми купи некои парчиња облека, а на Максим му купи и облека и играчки.
И едно каранфилче, кога шетајќи наишла на цвеќарница, бидејќи баш убаво ќе стои на балконот.
Купи подароци за сите дома, како да се враќа од привремена работа во Германија.
Уживаше избирајќи фустан за заминувањето во пензија, иако знам дека дел од неа ќе умре тогаш.
Ми ја пеглаше косата, иако поим немаше од тоа.
Ми рече дека сѐ ќе биде во ред, иако и двете знаеме дека тоа во животот не оди токму така, но ѝ поверував.
Едвај чекав да останам малку насамо, а по пет минути откако ја испратив, веќе ми недостигаше.
МАЈКА – суштество кое понекогаш посакуваш да го задавиш, а по пет секунди осознаваш дека немаш подобар пријател од неа.
Затоа и најсличен збор ѝ е –БАЈКА.
И дека сето тоа со вас мора да биде токму така.
Бидејќи тоа е љубов.

Автор: Јелена Пралица

 



912

X