Заборавила на ноќните забави бидејќи било невозможно да се остават децата сами дома.

Заборавила на своето слободно време, сега мора да се избања за помалку од 5 минути и секогаш е со друштво кога е во тоалетот.

Заборавила какво е чувството кога некој се грижи за тебе, сега поминува часови во кујната, подготвува појадок, грицки, вечера, ручек и уште некоја храна.

Заборавила на потпетиците, иако и понатаму изгледаат спектакуларно, не ѝ е пријатно со нив да поминува часови во паркот.

Заборавила да отиде во шопинг за да купи облека, бидејќи тоа веќе не е забавно да се прави со деца, бидејќи е подобро да им купи ним стотина убави работи.

Заборавила времето да го поминува со пријателите, сега повеќе сака пињата и дружења со деца.

Заборавила на своите емисии и сега ужива во гледањето на „Сунѓерот Боб“. Заборавила на постојаната работа, сега ги гледа своите малечки и одлучила дека тоа е работата што ѝ одговара.

Некогаш одамна, постоела мајка која се изгубила во своите деца… се изгубила во нив бидејќи примила толку љубов, толку сладост, толку светлина што некои лични соништа ги ставила на чекање за да изгради други соништа каде што децата се дел од нив.

И така кога се изгубила, всушност, се пронашла, бидејќи оваа нова верзија повеќе се смее, повеќе ужива и знае да го цени секој мал детаљ.

Оваа нова верзија сфатила дека осаменоста е нужна и дека таа мора да биде среќна, пред сѐ, за нејзините малечки да бидат среќни, сфатила дека да се биде мајка, може да ја надополни нејзината улога на жена, но исто така сфатила дека целите и соништата може да се променат или да бидат пренасочени на некои уште подобри.

Затоа, изгуби се во своите деца, мајко, ќе видиш дека иако се чини дека повеќе те нема, ќе се најдеш себеси како никогаш претходно, бидејќи децата нѐ тераат да ја пронајдеме онаа верзија од себе во која сме навистина слободни, автентични, полни и среќни.

Автор: Лудиа Карденас

Извор



912

X