Секогаш чувствував гордост кога другите зборуваа за мојот однос со мајка ми. Да, таа беше онаа што се смееше со мене на објавите на „Инстаграм“, објавуваше наши фотографии на „Фејсбук“, плачеше кога јас плачев, до момент да ме присилува да бидам поголема од неа во сите ситуации што го бараа тоа. Бидејќи таа е силна, но исто така и кршлива. Бидејќи откако е постојано мојот водич, светлина во најтешките времиња, таа успеа да ми ја покаже нејзината вистинска суштина, која не завршува на крајот од улогата мајка или сопруга, туку свети и извонредната жена што е во неа. Како што само таа знае да биде.
Сега кога сум возрасна, ја пронајдов повторно, мојата најдобра пријателка, мојата прва вистинска пријателка. Таа е првата личност што ја повикувам кога нешто добро ќе се случи, истата личност со која поминувам часови на телефон кога има проблем и не знам како да се справувам. Бидејќи нејзиниот совет е секогаш мудар и вреден. Кога ѝ зборувам за работата, животните цели и дури љубовта.
Не беше секогаш така бидејќи како и сите тинејџери, и јас чувствував потреба да се одделам од неа. Сакав да бидам автономна и независна, сакав да ѝ покажам нејзе, а и на целиот свет дека растам и дека повеќе не ми е потребна. Но, многу згрешив. Сепак, таа го разбра тоа. Дури и кога моите однесувања беа неподносливи за неа како родител, дури и кога ја одбивав нејзината помош и се изгубив во светот за кој не бев реално подготвена да се соочам сама, но сакав да доминирам по секоја цена. И знам дека во тие денови ѝ предизвикав брчки со таа нетолерантна бунтовност. Но, знам дека и покрај сѐ, таа секогаш веруваше во мене.
Ме ослободи и ме остави да правам грешки, оставајќи ја вратата секогаш отворена за мене.

Бидејќи знаеше дека ќе се вратам и таа ќе биде подготвена со сета своја љубов да ме утеши. Таа ме чекаше дури и кога знаеше дека повторно ќе заминам, можеби и засекогаш. Но, тој период помина и јас станав жена. Во тој момент ја пронајдов повторно. Таа веќе не беше мојот детски пријател, кој со мене играше со барбики кога веќе мојата сестра беше возрасна за да игра со мене или да ми помага со домашната. Не беше веќе мојата прва пријателка, таа беше мојата најголема и најдобра пријателка. Онаа што не можам да ја лажам дека нешто не е во ред бидејќи веднаш ја чувствува мојата непријатност дури и кога само го слуша мојот глас на телефон, и покрај фактот дека ја уверувам оти сѐ е во ред.
Таа е пријателката што ме сака безусловно, која се радува со мене и посакува да ме гледа исполнета. Онаа што го цени мојот карактер и покрај сите маани. Онаа што и покрај моите грешки, никогаш не ме осудува, напротив, има волја да се стави себеси во прва борбена линија за да ги поправи заедно со мене.
Да, мојата мајка е сето ова наведено. Таа е мојата најдобра пријателка денес и засекогаш.
Автор: Иларија Барбароса