– Што работиш? – отсекогаш беше едно од моите најнеомилени прашања, досега. Прашањето е наменето за секојдневни разговори и запознавање со луѓе. Но, секогаш прави да чувствувам притисок. Како одговорот на ова прашање да треба да ги сумира мојата душа и срце со зборови што опишуваат како заработувам за живот и што правам со своето време.

За мене, прашањето имплицира дека вие сте она што го работите. Медицинска сестра, наставничка, лекарка, адвокатка, готвачка, тренер за фитнес, секретарка, менаџер. Ова се титули, начини на заработка. Но, што ако начинот на кој го поминувате времето вклучува многу повеќе „живеење“ наспроти „заработка за живот“?

Порано работев полно работно време. И прекувремено. Се будев во 4:30 часот. Честопати работев 10, 12, па дури и 15 часа на ден. Но, благодарна сум што сега сум во различен период од животот. Сега сум мајка со полно работно време. Или таканаречена мајка што останува дома да се грижи за децата.

Менувам безброј пелени, читам книги, чистам бескраен неред, бакнувам, измислувам глупави песни, приготвувам храна, управувам со времето, финансиите и домот на нашето семејство. Закажувам средби со лекар и игри со другарчињата. Перам облека, диплам облека. Бришам и метам подови. Ставам колички и автомобилски седишта и подготвувам торби и ранци. Мијам цуцли, ги наоѓам изгубените грицки. Враќам книги. Плаќам сметки навреме.

Името за сето ова е: мајка што останува дома. Искрено, честопати се среќавам со коментарот: „Аха“.


Горда сум што работам напорно и ги вложувам времето, енергијата и срцето во она што го работам. Го правев тоа и кога планирав настани и бев менаџер. Кога се среќавав со клиенти, правев планови и фактурирав фактури. Кога ја имав таа кариера, секогаш наидував на одобрување. Признание дека она што го правам е легитимно. А сега, добивам само „аха“ од луѓето.

Не постои начин со кој може да се измери една личност. И, секако, не постои начин да се измере една мајка. Како мајки, ние сме наставници, доктори, готвачи, шофери, другари, бебиситери, секретари и многу повеќе. Мајките не заработуваат плата и честопати треба да бидат креативни за да ги исполнат потребите на семејството бидејќи во семејството повеќе нема две плати.

Нема начин како да се следи твојата работа и часовите што ги вложуваш. Нема картичка што ќе можеш да ја „куцнеш“ кога доаѓаш на работа и кога си одиш од работа. Нема одмор или боледување или пауза. Оваа работа е со полно работно време, секој ден, 24/7, 365 дена во годината. Нема извештаи за продажба или приходи. Се надевам дека плодот на моите напори ќе бидат две успешни, љубезни и сакани човечки суштества.

Автор: Хана Лејси

Извор



912

X