Мајките се свесни дека нема поубава работа во животот од држењето на своите деца в прегратка, без разлика на која возраст се. Дури и децата добро го знаат тоа, иако често додека растат се преправаат дека не сакаат или немаат повеќе потреба од тие големи, утешителни прегратки.

Но, вистината е дека прегратките на мајките никогаш не се премногу и тие се специјални, а само такви и може да бидат. Тие пренесуваат мајчинска љубов, нè штитат и прават да се чувствуваме сигурни, ни даваат сила и енергија која ни е потребна, но нè прават и подобри луѓе.

Според науката, мајчините прегратки се оние што нè прават љубезни и емпатични. Истражување спроведено во интердисциплинарниот центар „Херзлија“ од Израел, објавено во научниот магазин PNAS, открива дека децата што добиваат постојана љубов од раѓањето преку физичкиот контакт со мајката, со прегратки, милувања и гестови кои покажуваат внимание и љубов, развиваат природна способност да бидат поемпатични и љубезни кога ќе станат возрасни лица.

Најголемото и најважното влијание се случува во првите денови од животот. Колку е поблизок и почест физичкиот контакт, толку повеќе децата развиваат посебна способност преку која се во допир со емоциите на другите, преку чувствителност која не припаѓа секому. Студијата била спроведена на примерок од 96 деца. Истражувачите ги следеле нивните фази на раст и развој од раѓањето до 20-годишна возраст за да дојдат до заклучоците што ги наведовме. Влијанието на мајчинскиот контакт низ времето е клучен во развојот на карактерот на децата.

Според истражувачите, тоа е благодарение на љубовта која се манифестира физички, па децата започнуваат да се поврзуваат со друга личност, во овој случај мајката, со што развиваат способности кои им дозволуваат да ги перципираат емоциите на другите. Преку овој природен и невербален пристап, помеѓу мајката и детето, децата учат да ги препознаваат комуникациските сигнали кои потоа ќе ги најдат во социјалните интеракции кога ќе пораснат, а потоа ќе развиваат позитивност, реципроцитет и споделено посветување.

Нежната револуција, следствено на тоа, поминува низ прегратки на мајка, кои, сигурно е, дека никогаш не се доволни.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X